Македонија

Издадена поштенска марка „Кедев – 14 највисоки врвови“ во чест на врвниот подвиг на Сашко Кедев

Промоцијата на 2 април

Поштенска марка „Кедев – 14 највисоки врвови“ издаде АД Пошта – Скопје, во чест на врвниот подвиг на Сашко Кедев. Поштенската марка ќе биде промовирана на 2 април во 13 часот во „Порта Македонија“.

Сашко Кедев, познат македонски кардиолог, доктор на медицински науки, но и врвен алпинист, на 19 мај 2009 се искачи на највисокиот врв на светот, Монт Еверест. Со тоа стана третиот Македонец кој го има освоено највисокиот врв на светот. Тој ги има искачено врвовите Мон Блан, Матерхорн, Вајсхорн…

Македонскиот алпинист и кардиолог на 20 јули минатата година испиша историја – се искачи на врвот Гашербрум I (8.080 м) во Пакистан и стана првиот Македонец и единствениот во поширокиот регион што ги има освоено сите 14 врвови повисоки од 8.000 метри, како и највисоките планини на сите седум континенти. Експедицијата на врвот Гашербрум I (G1) беше предводена од „Imagine Nepal“, а во тимот заедно со Кедев беа и Ванг Жонг од Кина, како и непалските алпинисти Дава Гјалје Шерпа и Нгима Нуру Шерпа.

– Врвот Г1 на д-р Кедев го означува завршувањето на сите 14 осумилјадници – историски прв за Македонија!“ – објави тогаш „Imagine Nepal“.

Сашко Кедев утрово се искачи на врвот Гашербрум I (8.080 м) во Пакистани истана првиот Македонец и единствен во поширокиот регион кој ги искачи сите 14 врвови над 8000 метри и највисоките вр

Со ова искачување, д-р Кедев се вброи во светската алпинистичка елита. Тој досега ги има освоено и Еверест (8.848 м), К2 (8.611 м), Канченџунга (8.586 м) Лоце, Макалу, Чо Оју, Даулагири, Манаслу, Нанга Парбат, Анапурна, Шишапангма, Брод Пик, Гашербрум II и најновиот Гашербрум I. Покрај 14-те „осумилјадници“, Кедев претходно ги има искачено и највисоките врвови на сите седум континенти – подвиг познат како Seven Summits.

Кедев минатата година беше одликуван од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со Орден „8 Септември“, за особените заслуги во медицината, не само дома, туку и во европски и светски рамки, како и за историскиот подвиг во алпинизмот како прв Македонец којшто ги искачил 14-те светски планински врвови над 8.000 метри надморска височина.

На свечената церемонија тогаш Претседателката се осврна на подвизите на Кедев за освојување на највисоките врвови на светот.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го одликува кардиологот и алпинист Сашко Кедев со Орден „8 Септември“, за особените заслуги во медицината, не само дома, туку и во европски и светск

– Ако во медицината д-р Кедев ги достигна највисоките професионални и хумани височини, тогаш во алпинизмот, буквално, ги освои највисоките врвови на светот. И тоа не во младешките денови на бунтовник без причина, туку во зрелата доба, како бунтовник со цел:  умен, искусен, но се уште детски љубопитен, храбар, но внимателен, желен за нови подвизи, но наоружан со богато искуство, дисциплина и истрајност и … разбран и придружуван – истакна Сиљановска-Давкова.

Претседателката тогаш потсети дека во период подолг од две децении, Сашко Кедев ги искачил сите 14 највисоки врвови над осум илјади метри.

– Неговите подвизи не само што предизвикуваат дилеми, чудење и восхит, туку ги поместуваат границите на човечката издржливост и верба… Цврсто верувам и ве уверувам дека успесите на академик Кедев не се случајност, туку резултат на енормно знаење и сизифовски напори, потпрени на цврст морален темел и чиста и длабока духовност. Храброста и неуморноста што ги учел и вежбал во салите за операции, го поттикнуваат и водат на највисоките планински врвови, а вербата во правдата и моралот го инспирираат и придружуваат во општествената битка за подобро, поправедно, демократско општество – истакна Сиљановска-Давкова.

Доктор Сашко Кедев го искачи врвот Kanchenjunga (8,586m), третиот највисок врв на светот. Познатиот македонски кардиолог и алпинист беше дел од 10-члената група на Imagine Nepal, која на 23 м

Кедев неодамна во интервју за МИА меѓу другото говореше и за тоа дека секој човек има одреден пул на енергија, која е највисока во детството, а со текот на годините се намалува, но, нагласи оти е потребно секој човек да си го најде својот механизам за обнова на енергијата.

– Сите имаме одреден пул на енергија, животна енергија која што е највисока во детството. Значи, во детството имаме најголема енергија, животна енергија. Со тек на годините ни ослабува таа енергија, значи полека губиме од таа енергија, за на крајот пред крајот на животот имаме најмала животна енергија. И тоа е причината што повозрасните луѓе го губат мотивот за живот, се подепресивни генерално, не секогаш, повозрасните луѓе имаат помала мотивација во однос на помладите. Добрата работа е што постои механизам на обновување на таа енергија и на зголемување на животната енергија, на концентрацијата на животна енергија што сите ја имаме, рече Кедев во интервјуто за МИА.

Според Кедев, секој треба да си го најде тој начин, а неговиот начин се планините и интензивната физичка активност, која, вели, му ја зголемува животната енергија и на некој начин го прави посмирен.

МИА

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

To top