Македонија

Клековски: Тројца директори на ЈЗУ вратиле по 500.000 денари, кои ги земале со неправилна пресметка на плата!

Тројца актуелни или поранешни директори на јавни здравствени установи вратија по 500.000 денари или вкупно 1,5 милиони денари, што ги земале врз основа на неправилна пресметка на плата. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој рече дека покрај медицинската контрола нивна континуирана активност е и финансиската контрола.

„Во три случаи актуелни или поранешни директори ги вратија погрешно пресметаните приходи од околу милион и пол денари“, потенцира Клековски.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали очекува и други да вратат пари, рече „сите заедно мора да изградиме систем каде меѓусебно ќе се почитуваме“.

„На едната страна дека ќе бидеме подобро платени и тоа ќе биде вреднувано легално со 33 отсто зголемени капитации за матичните доктори или кумулативно претходните две зголемувања во јавното здравство беа 17 отсто. Сега од март има уште едно зголемување. Праќаме јасен сигнал до сите здравствени работници дека ќе ја вреднуваме работата и платите ќе одат нагоре, меѓутоа од друга страна очекуваме фер однос и од другата страна и да престанат злоупотребите на додатоците. Таа комуникација ја имаме и со јавните здравствени установи и со синдикатите“, посочи Клековски.

Постојано, појасни, ќе комуницираме за да се придвижиме од една состојба каде трудот не се вреднувал, па некои луѓе сами си со наплаќале според тоа што сметале дека им следува.

„Не може да дозволиме да има самовреднување и самонаплата. Ќе има правила кои ќе бидат фер и ќе се бара да се придржуваме до нив“, додаде Клековски.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Владата ги испрати Кривичниот законик и законот за кривична постапка во Брисел на мислење

Министерството за правда на Владата на Република Македонија ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Претседателот на Уставниот суд на РМ Костадиновски за политичките притисоци: Не смее да ја диктираат правдата

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки.

ВМРО ДПМНЕ: Скопје има три големи несреќи – Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС!

„Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите години: потрошија милионски буџети, а не направија ниту еден проект значаен за граѓаните на Скопје!“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ.

To top