Македонија

Клучката кај Момин Поток ќе биде завршена до Нова година

Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сугурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид во градежните работи.

-Пред седум месеци клучката беше во целосен застој. Процесите беа блокирани и имаше само 10 отсто експропријација, а сега експропријацијата е 100 проценти решена. Сите граѓани се целосно исплатени од страна на Градот. Денес сме во фаза кога 75 проценти се реализирани од клучката и, како што ветив, до Нова година овој потег ќе биде целосно завршен. Станува збор за комлексен проект кој има два километра потпорни ѕидови, пешачки и велосипедки патеки. Се работи на пет мотови, последните се во финална фаза, информира Ѓорѓиевски.


Тој напомена дека до Нова Година ќе бидат завршени уште два проекта: мостот на реката Серава кој се проширува и мостот на Љубљанска. Како што истакна градоначалникот, сериозно се работи и на булеварот „Борис Трајковски“, а во август ќе почнат работите и на мостот што ги поврзува Гази Баба и Аеродром. -Владата и премиерот се наша силна поддршка, не само за Скопје и за мене, туку за сите скопјани, 60 милиони денари обезбеди Владата за клучката кај Момин Поток. Ова е едно од ремек делата кои ќе ги завршиме, потенцира Ѓорѓиевски.

Според премиерот Мицкоски, Владата ќе продолжи да ги поддржува општините. -За овие неколку месеци се направија големи исчекори на проекти кои беа заглавени. Се гледа огромен напредок откако е Орце градоначалник. До Нова Година три проекти се очекува да бидат завршени. Градот Скопје од Владата треба да добие до Нова Година камиони, цистерни и метларки, тендерот е завршен, кон крајот на август ќе може да се промовира и таа опрема. Таква опрема ќе добијат и уште неколку поголеми општини. Сега е процесот на жалби, очекувам да заврши и да се добијат новите електрични автобуси во Скопје и во други општини. Се интензивираат активностите и проектите и се она што е ветено. Не може преку ноќ да го поправиме она што е со децении уништувано, но, со посветена работа и невозможните работи стануваат возможни, подвлече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

Ѓула Челику: Длабока е болката кога Албанците од „РСМ“ се етикетираат како Македонци, не треба да ја забораваат Албанија без оглед каде живеат!

„Длабока е болката кога Албанците од С.Македонија се етикетираат како Македонци, како да е нашиот национален идентитет административен избор, или прашање, кое другите можат да го одлучат за нас. Но, болката станува уште поголема кога ова негирање е прифатено, поддржано или промовирано од оние, кои треба да го бранат албанството!“ – пишува Ѓула Челику во својата колумна со наслов „Да бидеш Албанка од С.Македонија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ од Скопје. Ѓула Челику е доктор по политички науки, професорка во државниот универзитет во Тетово, основач и претседател на политичката партија Европско граѓанско движење во Република Македонија

To top