Македонија

Кога Македонија ќе влезе во ЕУ според сценариото на Европските федералисти

Македонија треба да биде во првиот од трите бранови супербрзо проширување

Според сценариото на Европските федералисти проширувањето на ЕУ треба да биде супербрзо и во наредниве 3 години треба да внесе во унијата дури 17 држави.

Некои од земјите воопшто не се во Европа но за Еврофедералистите тоа не е проблем.

Тие сметаат дека дел од овие земји кои се на европскиот континент треба да бидат дел од Европската Федерација а другите да имаат поинаков вид на членство.

Според профили кои ја промовираат идејата за Еау како федерација од 2026 до 2028 треба да има три брана проширување.

Македонија треба да биде во првиот од трите бранови кои треба да се почнат веќе следната година:

,Супер брзо проширување на ЕУ 🇪🇺 во 2026 година со: Норвешка, Исланд, Гренланд, Швајцарија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Молдавија, Албанија, Босна и Херцеговина.

2027: Канада, Украина, Зелено’ртски Острови, Нов Зеланд.

2028: Австралија, Турција, Косово, Грузија.

Според желбите на тие што се залагаат за Еврофедералниот сојуз тој ќе функционира само за земјите од Европа.

Според анализата на други Еврофедералисти ЕУ треба да се реструктуира за да им дозволи на земјите-кандидатки да се приклучат кон ЕУ преку:

Лесна економска интеграција, воена алијанса и подготовка на области за подобрување за да се приклучат кон ЕУ откако ќе бидат подготвени.

 

Сегашната ситуација е премногу бавна и не функционира добро за проширување, се вели во неформалната анализа која се дебатира на социјалните мрежи.

Најнови вести од: Македонија

Најбараното патување со воз во Туркије: Од Анкара до Карс – комфор, историја и впечатливи снежни глетки

Расте интересот за познатиот туристички воз на Туркије, наречен Туристички источен експрес, што сообраќа на релација Анкара – Карс. Ова патување со железница денес важи за едно од најбараните и најпопуларните, наменето токму за туристи.

To top