Македонија

Анкета на Клиниката за психијатрија: 40 отсто испитаници се соочуваат со проблеми со спиењето

Анкета на Клиниката за психијатрија под мотото „Спиј добро, живеј подобро“

Речиси 70% од испитаните македонски граѓани користат телефон или екран пред да заспијат, а повеќе од 40 отсто се соочиле со проблеми во спиењето во последниве три месеци. Повеќе од 63% од испитаниците се изјасниле дека спијат од 5-7 часа во текот на ноќта, 11,6% спијат помалку од 5 часа, додека 22,8% спијат од 7 до 9 часа. Ова се дел од резултатите од анонимната онлајн анкета што ја спроведе ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија во периодот од 2 до 6 март 2026 година, на која одговориле 491 испитаници, по повод месец март, кој Европското здружение за истражување на спиењето го прогласи за месец за подигнување на свеста за спиењето, под мотото „Спиј добро, живеј подобро“.

Иницијативата има за цел да ги охрабри сите индивидуи и здравствени работници да му дадат приоритет на здравјето на спиењето, а Универзитетската клиника за психијатрија се приклучи кон оваа иницијатива, преку едукација на граѓаните и нудење помош за подобрување на квалитетот на спиењето.

„Целта е да се укаже на важноста на спиењето во однос на здравјето како општа благосостојба, да се укаже на последиците од недоволно спиење и да се зборува и за растројствата на спиење и начините на лекување. Недостигот на спиење наредниот ден ги нарушува нашите егзекутивни финкзии, намалена е концентрацијата, забавен е мисловниот процес и успорена е психомоториката, па често може да се погреши во проценката на одредена ситуација (возење, управување со машина и др.). Секако дека сите овие состојби, ако се долготрајни, како хронична несоница или потешкотии со заспивање и одржување на спиењето можат да доведат и до анксиозни состојби, па дури и до депресија“, вели проф. д-р Ненси Манушева од Универзитетската клиника за психијатрија.

Според резултатите од анкетата, 44,6% од испитаниците би сакале повеќе информации или стручна поддршка за подобрување на квалитетот на спиењето, а речиси ист е процентот (42,2%) на испитаници кои се изјасниле дека само понекогаш се чувствуваат одморено кога ќе се разбудат.

Третина од испитаниците се изјасниле дека се чувствуваат одморено, а 24% ретко се чувствуваат одморено по будењето. Најголем процент од испитаниците сметаат дека сонот влијае врз нивното расположение (71%), концентрација (64%) и работна ефикасност (63,3%). Овие резултати укажуваат на тоа дека голем дел од граѓаните се соочуваат со проблеми во овој сегмент и имаат потреба од повеќе информации и стручна поддршка за подобрувањето на спиењето. Децата со конзистентни рутини пред спиење имаат подобар квалитет на сон Фокусот на Европското здружение за истражување на сонот годинава е ставен на промовирање здрави навики за спиење кај децата, имајќи предвид дека спиењето е основа за правилен раст, учење и емоционална благосостојба. Со оглед на сè поголемите предизвици како што се прекумерната стимулација, нередовниот дневен распоред и користењето екрани во вечерните часови, иницијативата има за цел да ги охрабри и поддржи семејствата, наставниците и здравствените работници да му дадат приоритет на здравјето на детскиот спиењето. Според проф. д-р Стојан Бајрактаров од Универзитетската клиника за психијатрија, спиењето не е само одмор, туку основа на физички развој, когнитивно созревање и емоционална регулација кај децата.
„За време на спиењето, мозокот ги консолидира новите знаења, се лачат хормони клучни за растот, а нервниот систем се обновува. Но, не е важно само колку детето спие, туку и кога и како. Истражувањата покажуваат дека децата со конзистентни рутини пред спиење имаат подобар квалитет на сон, повисока емоционална стабилност и подобри резултати во учењето. Рутината – читање, тивок разговор, намалување на стимулации, му сигнализира на мозокот дека е време за одмор. Кога децата спијат добро, тие растат, учат и напредуваат. Здравиот сон не треба да е привилегија, туку инвестиција во здравјето и иднината на децата“, вели проф. д-р Бајрактаров.

Како дел од европскиот месец за подигнување на свеста за спиењето, денеска, на 6 март се одржува „Ден во пижами“ (Pyjama Day), иницијатива која ги повикува учесниците да дојдат во пижами на работа, на училиште или на локални настани. Овој неформален пристап испраќа пораката дека спиењето е основа за здравјето и благосостојбата, а подобрувањето на навиките за спиење носи придобивки за сите – и за децата и за возрасните.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

Ѓула Челику: Длабока е болката кога Албанците од „РСМ“ се етикетираат како Македонци, не треба да ја забораваат Албанија без оглед каде живеат!

„Длабока е болката кога Албанците од С.Македонија се етикетираат како Македонци, како да е нашиот национален идентитет административен избор, или прашање, кое другите можат да го одлучат за нас. Но, болката станува уште поголема кога ова негирање е прифатено, поддржано или промовирано од оние, кои треба да го бранат албанството!“ – пишува Ѓула Челику во својата колумна со наслов „Да бидеш Албанка од С.Македонија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ од Скопје. Ѓула Челику е доктор по политички науки, професорка во државниот универзитет во Тетово, основач и претседател на политичката партија Европско граѓанско движење во Република Македонија

To top