Македонија

Црквата „Св. Атанасиј Велики” под планината Кожуф ќе биде прогласена за споменик на културата

Црквата „Св. Атанасиј Велики“ од 19 век, сместена на падините на Кожуф во гевгелиското село Габрово, ќе биде прогласена за споменик на културата. Одлуката беше донесена на последната седница на Советот на Општина Гевгелија, со што започнува постапката за нејзина заштита и реставрација

Црквата „Св. Атанасиј Велики“ од 19 век, сместена на падините на Кожуф во гевгелиското село Габрово, ќе биде прогласена за споменик на културата. Одлуката беше донесена на последната седница на Советот на Општина Гевгелија, со што започнува постапката за нејзина заштита и реставрација.

Во годишната програма на Националната установа Завод за заштита на спомениците и Музеј – Струмица се предвидени 217.000 денари за изработка на основен проект за фрескоживописот и 500.000 денари за архитектонскиот дел од реконструкцијата на храмот.

– Идејата произлезе при посетата од страна на министерот за култура и туризам Зоран Љуков и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов во селото Габрово, на која месната заедница и црковниот одбор во селото изразија интерес за заштита и реставрација на црквата „Св. Атанасиј“. По донесената одлука, НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј од Струмица ќе спроведе постапка за погласување на црквата во споменик на културата, а потоа следува изработка на проект за целосна реконструкција и реставрација. Со оглед на тоа што станува збор за една од најстарите цркви на територијата на општина Гевгелија, со нејзината реконструкција ќе придонесеме за зачувување на нашето културно богатство, а истовремено добиваме нова туристичка атракција за сите посетители, изјавија од кабинетот на гевгелискиот градоначалник.

Црквата „Свети Атанасиј Велики“ која е изградена од неимарот Андон Китанов во 1851 година, а фрескоживописана во втората половина на 19 век од Димитар Андонов – Папрадишки, поседува нови, но и стари икони кои датираат од 1863 до 1878 година.

Во Заводот и музеј Струмица велат дека средствата предвидени за овој објект ќе се користат со две намени.

– За фрескоживописот на црквата ќе се изработи основен проект за кој се издвоени 217 000 денари, додека за архитектурата 500 000 денари, појасни Бранко Ѓоргиев, директор на Заводот и музеј Струмица.

Освен за црквата во општина Гевгелија и за проект за наколната населба во Дојран, од институцијата велат дека во годишната програма се предвидени средства за локалитети од уште две општини од регионот.

– Во делот на стручната документација, планирана е ревалоризација на споменици на културата, со опфат на локалитетите Исар во село Марвинци, општина Валандово и Брдаров камен, општина Богданци. Ние како институција имаме обврска на секои пет години да правиме елаборат за ревалоризација на веќе прогласените спомен обележја во кои евидентираме доколку има некои промени кои се случиле во меѓувреме, додава Ѓоргиев.

Вкупната сума за валоризација и ревалоризација која е издвоена во годишната програма на националната установа изнесува околу 106 илјади денари. 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

To top