Македонија

Кога животот зависи од секунди – Хелиодромот во Карпош е спас за тешко повредените

Единствениот хелиодром во Македонија кој живот значи

filter: 0; fileterIntensity: 0.0; filterMask: 0; captureOrientation: 0; runfunc: 0; algolist: 0; multi-frame: 1; brp_mask:0; brp_del_th:0.0000,0.0000; brp_del_sen:0.0000,0.0000; motionR: 1; delta:null; bokeh:0; module: photo;hw-remosaic: false;touch: (-1.0, -1.0);sceneMode: 12582912;cct_value: 0;AI_Scene: (-1, -1);aec_lux: 83.934616;aec_lux_index: 0;albedo: ;confidence: ;motionLevel: 1;weatherinfo: weather?Sunny, icon:0, weatherInfo:101;temperature: 30;

 

 

 

Деновиве 50-годишен државјанин на Романија, кој доживеа несреќа при летање со параглајдер во Крушево, бил итно пренесен со хеликоптер до хелиодромот во Карпош 3, сместен веднаш до Клиничката болница Жан Митрев.

Пациентот бил во тешка општа состојба, со сериозни повреди на главата и отворена скршеница на левата потколеница. По слетувањето, веднаш е преземен за итен медицински третман. Пред само една година имаше сличен таков случај, повторно со параглајдерист, кој, исто така, беше донесен со хеликоптер и чиј живот заради брзината беше спасен.

 

Хелиодромот во скопската населба Карпош 3 претставува единствен ваков објект во рамки на една општина во Македонија. Неговата стратешка поставеност овозможува брз прием на пациенти, и домашни и странски, кои се во критична состојба. Благодарение на тоа, времето за транспорт од местото на несреќата до операционата сала се сведува на минимум – што во многу случаи значи и спасен живот.

 

Хелиодромот е изграден кога се градеше тогашната Воена болница, за потребите на пациентите на воениот клинички центар. По годините запоставеност беше доведен скоро до руинирана состојба, несоодветна за намената.

Со изградбата на Клиничката болница Жан Митрев, оваа клиника ја презеде и грижата за хелиодромот, со целосно реновирање, внесување безбедносни стандарди, сигнализирање и осветлување. И денес за состојбата и исправноста на хелиодромот се грижи Клиника Жан Митрев, а со дозвола од Општина Карпош, тревникот и просторот околу хелиодромот редовно се одржуваат и чистат.

Така се обезбедува безбеден и функционален простор за слетување и полетување на хеликоптерите, без пречки и ризици за екипажот и пациентите. Заради единственоста и добрата стратешка поставеност, хелиодромот се користи од државните и приватните здравствени центри во околината и е доказ колку е важно постоењето на ваков тип на инфраструктура во урбани средини.

 

 

Хелиодромот не само што е корисен за локални пациенти, туку редовно служи и за транспорт на странски државјани кои се повредени во Македонија, со што се овозможува нивно итно лекување во Клиничка болница Жан Митрев, Градска болница 8 Септември и останатите клиники.

 

Последниот случај со повредениот параглајдерист, кој по повредата веднаш беше преземен од екипите на Клиниката Жан Митрев и чија состојба е стабилна, уште еднаш потврди дека кога секундите се бројат, ваквата поставеност на хелиодромот може да биде пресудна за спасување на човечки животи.

 

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

To top