Македонија

Кои македонски политичари учествуваат на ,,Молитвениот појадок” со Трамп

Осум македонски политичари во Вашингтон

На 74тиот”Молитвен појадок” во Вашингтон, освен традиционалното обраќање на Претседателот на САД, г-н Доналд Трамп, свои излагања ќе имаат и

🇨🇩 Претседателот на ДР Конго, Феликс Чиломбо

🇺🇸 Државниот секретар за Војна, Пит Хегсет

🇺🇸 Специјалниот советник на претседателот Трамп, г-ѓа Паула Вајт

🇺🇸 Мајк Џонсон, Спикер на Конгресот на САД

🇸🇻 Наиб Букеле, Претседател на Ел Салвадор

📌 Бил Ли, гувернерот на Тенеси, како и конгресмените Џонатан Џексон и Бен Клајн

На “Молитвениот појадок” присуствуваат околу 2.500 гости од САД и од многу држави од светот.

Поканети пратеници од Собранието на Македонија, присутни на овој настан, се Претседателот Африм Гаши, потпретседателите Антонијо Милошоски и Јован Митревски, како и пратениците Жаклина Пешевска и Петар Марков.

Поканети претставници од владата се министрите Стефан Андоновски и Златко Перински, какони генералниор секретар Игор Јанушев, објави потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

To top