Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски од Брисел информираше дека делегација на ВМРО ДПМНЕ учествува на одбележувањето на 50-годишнината од формирањето на ЕПП, најголемата политичка сила во демократска Европа.

Мицкоски посочи дека покрај официјалната прослава, во рамки на настанот ќе се одржи и Самит на лидери на партии кои се дел од семејството на Европската народна партија, каде ќе се разговара за повеќе актуелни теми.

„Овие два дена покрај официјалната прослава ќе имаме и Самит на лидери, на претседатели на политички партии кои се дел од семејството на Европската народна партија. Ќе разговараме за економската перспектива на европскиот континент, за глобалните предизвици, војната во Украина, војната во заливот, во Иран, но исто така ќе зборуваме и за зголемување на компетитивноста“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека посебен фокус на разговорите ќе биде и процесот на проширување на European Union, како и реформите што ги презема македонската Влада во изминатиот период.

„Она коешто претставува наша цел и наш посебен интерес е разговорот околу проширувањето на Европската Унија, но и сите постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме“, посочи премиерот.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top