Македонија

Кој ги уништува информациите што на скопските споменици ги става активистка?

Изабела ќе продолжи да става налепници за граѓаните да знаат за кои дела се работи и кои се авторите на скулптурите.

 

Непознати лица ги уништуваат информациите што на скопските споменици ги става активистката Изабела Левенска Миљаниќ.

Активистката преходно објави дека волонтерски на спомениците во Радосниот парк става таканаречени QR кодови преку кои со мобилен телефон може да се добијат податоци за авторот и делото на поставката.

Информациите се подготвени во консултација со експерт и не го нарушуваат делото туку само даваат податоци за тоа кој го создал и што е неговото значење.

Утрово волонтерката видела дека некој намерно ги вади кодовите од спомениците.

,,Денес бев поканета од Сител ТВ да снимам прилози за моите иницијативи.

Отидов порано во обиколка на паркот за да проверам од кои скулптури ги одлепиле налепниците со QR кодови.

Сите налепници беа извадени..”, пишува Изабела Левенска Миљаниќ волонтерката која на социјалната мрежа Х поранешен Твитер има профил со име @ЈасНеСум.

Иако е разочарана таа не се откажува и најавува дека ќе продолжи да става налепници за граѓаните да знаат за кои дела се работи и кои се авторите на скулптурите.

На обвинувањата дека така може да ги оштети делата вели дека тоа не е можно затоа што QR кодовите се ставаат на места од постаментите кои не се дел од уметничките дела.

Предходно истата волонтерка изготви платформа на која може да се најдат податоци за голем број споменици во Скопје од кои огромен дел веќе не се познати за јавноста.

Некои од спомениците за кои има податоци се од најдобрите македонски скулптори.

Линк до платформата

https://x.com/jas_sme_/status/1921475702412431851?t=ZZfiduOtZ52vIuOSLxQi6w&s=19

Дебатата за оваа граѓанска активност на овој линк

https://x.com/jas_sme_/status/1953060807492751674?t=c7Re7RlD2ErZiWhZtaOUqg&s=19

Најнови вести од: Македонија

Се води ли војна преку водата за пиење и зошто нема доверба во институциите?!

22 дена во градскиот водовод во Гостивар биле вклучени пумпи кои наводно го полнеле системот со вода од површински канал од реката Вардар, наводно за да се зголеми притисокот во летниот период. Ова навидум наивно објаснување актот во Гостивар, кој практично имаше ефект на терористичко дело, за жал беше „поткрепено“ со документ од државна институција.

(Колумна): Ладење со вентилатор?

За време на големите топлински бранови (горештини) во некои европски земји (Франција, Англија, …) на телевизија гледавме сцени како наутро при отворање на продавници се создаваа големи турканици за купување било какви апарати за ладење, а најчесто гледавме како грабаат вентилатори.

Македонија скокна за 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедност

Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии.

МПЦ-ОА до Вучиќ: Ги отфрламе сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат!

По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“ денеска реагира Архиерејскиот синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА).

ВМРО ДПМНЕ: СДС пак се обиде да произведе „изјава“ за „разговори под радарот“, што Муцунски никогаш не ја дал!

СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал, тврдат дека рекол дека разговорите се водат „под радарот“. Има само еден мал проблем: таква изјава нема.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

To top