Македонија

Кои ќе бидат 45-те советници во Град Скопје?!

Според податоците на Државната изборна комисија, по пребројани 99,92% од гласовите, за Ѓорѓиевски гласале 91.582 скопјани или 39,43%, а за Мециновиќ 30.659 или 13,20%. Зад нив следуваат Башким Бакиу од Вреди со 27.864 гласови (12,00%), Каја Шукова од СДСМ со 26.714 (11,50%) и Скендер Реџепи од НАИ со 26.062 (12,22%).

Според првичните резултати од обработени 99,93% од гласовите во Советот на Град Скопје најмногу советници ќе има ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, односно 18 советници. По шест советници ќе имаат Коалицијата Вреди, Националната алијанса за интеграција и Левица. СДСМ ќе има пет, а еден советник ќе има и ЗНАМ. Во 45-члениот совет на Градот Скопје влегуваат и Ристо Пенов од Искуство за успех и Јана Белчева Андрееска и Марјан Калевски, како независни.

Во Скопје ќе има втор круг локални избори, а идниот градоначалник ќе се бира меѓу Орце Ѓорѓиевски од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кои освоија најголем број гласови во првиот изборен круг.

Според податоците на Државната изборна комисија, по пребројани 99,92% од гласовите, за Ѓорѓиевски гласале 91.582 скопјани или 39,43%, а за Мециновиќ 30.659 или 13,20%. Зад нив следуваат Башким Бакиу од Вреди со 27.864 гласови (12,00%), Каја Шукова од СДСМ со 26.714 (11,50%) и Скендер Реџепи од НАИ со 26.062 (12,22%).

Еве ја листата на избрани советници во Советот на Град Скопје, според податоци од Државната изборна комисија.

  1. Даме Димитровски (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
  2. Луке Галески (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
  3. Жаклина Шопова (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
  4. Мартин Стојановски (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
  5. Дејан Шишковски (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
  6. Весна Маркоска (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
  7. Сашо Кукески (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
  8. Василка Китановиќ (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
  9. Анета Марковска-Илиевска (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
  10. Мирдита Салиу (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ) 11. Александар Николовски (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
  11. Славчо Мисајлески (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
  12. Весна Стоименовска Атанасо (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
  13. Ибраим Сулејман (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
  14. Магдалена Забазновска (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
  15. Мунира Куч (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
  16. Филип Јаневски (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
  17. Борис Шамбевски (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
  18. Авдуљ-Селам Селами (4. НАИ)
  19. Незране Рустеми (4. НАИ)
  20. Леутриме Реџепи (4. НАИ)
  21. Наим Бајрами (4. НАИ)
  22. Даим Ључи (4. НАИ)
  23. Канита Дарлиишта (4. НАИ)
  24. Катерина Јовановска (6. Левица)
  25. Андреа Јанков (6. Левица)
  26. Дарја Мустафаоглу (6. Левица)
  27. Милица Давчева (6. Левица)
  28. Игор Димески (6. Левица)
  29. Евгенија Станкоска (6. Левица)
  30. Зекерија Бериша (7. Коал. ВЛЕН)
  31. Ардиан Лимани (7. Коал. ВЛЕН)
  32. Рејхане Рамадани (7. Коал. ВЛЕН)
  33. Астрит Иљази (7. Коал. ВЛЕН)
  34. Бинаса Етеми (7. Коал. ВЛЕН)
  35. Саније Дураку (7. Коал. ВЛЕН)
  36. Катерина Цаневска-Арсовска (5. Коал. СДСМ)
  37. Ѓорѓи Галетановски (5. Коал. СДСМ)
  38. Горан Симонски (5. Коал. СДСМ)
  39. Кети Штерјова (5. Коал. СДСМ)
  40. Горан Арсов (5. Коал. СДСМ)
  41. Ристо Пенов (1. Искуство за успех)
  42. Горанчо Котески (2. Движење Знам)
  43. Јана Белчева Андреевска (35. ГИ Ј.Б. Андреевска)
  44. Марјан Калевски (97. ГИ М. Калевски)

Најнови вести од: Македонија

Во ЕУ расте бројот на лица, што живеат сами! – Во Германија од 41 милион домаќинства дури 42 отсто биле едночлени лани!

Во Европската Унија минатата година 16,5 проценти од населението живеело во едночлени домаќинства, а најголем удел на лицата кои живеат сами е регистриран во скандинавските и во балтичките земји, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Евростат. Над европскиот просек е и Германија, каде што секој петти жител, односно 20,9 проценти од вкупно околу 84 милиони жители, живеел сам, соопшти германскиот Сојузен завод за статистика „Дестатис“.

Сиљановска-Давкова: Струшките вечери на поезијата веќе 65 години ги поврзуваат светските меридијани, a Струга е најпоетскиот град на планетава

Струшките вечери на поезијата, поетски дом, кој веќе 65 лета поврзува меридијани, го соединува и обединува светскиот поетски сој со љубителите и почитувачите на убавата реч во старата, но витална Струшка бунтовна република на поетите, кои се борат за подобар и похуман живот. Шест и пол децении сме благословени да бидеме домаќини на мајсторите на јазикот и алхемичарите на мислата, преточувајќи ги во естетика и етика, истакна вечерва од Струга претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прогласувајќи ги за отворени 65. Струшки вечери на поезијата.

Петрушевски: СДС одработува за интересите на Бугарија, мислејќи дека така ќе дојдат на власт! Се соочуваме со странско мешање во внатрешните работи на Македонија!

Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, при што се осврна на односите на Република Македонија со источниот сосед Бугарија како и случувањата поврзани со јавно споделената дипломатска нота во која беа содржани информации за патувањето на членовите на најтесниот круг на семејството на премиерот Мицкоски, кое како што рече Петрушевски претставува невиден скандал во дипломатските односи и прекршување на истите.

Најава дека „тетовчани в петок ќе се кренат против одлуката на Уставниот суд за промената на имињата на улиците во Тетово“!

„Тетовчани ќе се кренат во петок! Плоштадот Илирија нема да стане ‘Маршал Тито’, колку и да сонува некој за такво нешто.“ – објави на својот фејсбук-профил Рами Мислими, новинар, политички аналитичар и сопственик на албанскиот информативен портал на албански јазик „Тетова сот“ од Тетово. Неговата објава под наслов „Имињата на улици во Тетово: тетовчани ќе се кренат в петок против Билал Касами“ ја пренесоа овој портал и други медиуми на албански јазик во Македонија.

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец

Деветнаесетгодишниот Саит Саитов од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница распишана од МВР на 12 јануари, денеска е екстрадиран од Србија во нашата земја, информира Министерството за внатрешни работи. МВР објави дека на Саитов му е определена мерка притвор и дека е предаден во затворот „Скопје“ за понатамошна постапка

Најнови вести

To top