Македонија

Кој поднесе, поднесе – истече рокот за нови кандидатски листи за локалните избори

Дури 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи на кандидати за советници на општините и Град Скопје за локалните избори следниот месец. Најголем број се за престолнината – 18 кандидати се во трка за прв човек на градот а 20 листи има за членови на советот.

За претстојните локални избори на 19 октомври, Државната изборна комисија соопшти дека се поднесени рекордни 312 кандидатски листи за градоначалници и 575 листи за советници во општините и Градот Скопје. Најголем интерес има во главниот град, каде што 18 кандидати ќе се борат за градоначалничката фотелја, а за Советот на Град Скопје се поднесени 20 листи.

Во скопските општини, најмногу кандидати има во Шуто Оризари – 8 имиња во трка за прв човек на општината. Во Карпош се очекува жестока политичка битка, каде што актуелниот Стефчо Јакимовски ќе се обиде да освои петти мандат, а противници ќе му бидат Сотир Лукровски (поддржан од ВМРО-ДПМНЕ) и докторката Маја Мојсова (поддржана од СДСМ). Во Центар пак, независната Билјана Ивановска може да ја наруши рамнотежата меѓу Горан Герасимовски (СДСМ) и Мирослав Лабудовиќ (ЗНАМ), додека за советничките места се поднесени 9 листи.

Во Куманово, градоначалничката трка ќе ја водат 8 кандидати, меѓу кои актуелниот Максим Димитриевски и Мартин Костовски (СДСМ), а учество ќе земат и Левица, ВЛЕН, ДУИ и независни групи.

Струга бележи 9 кандидати за градоначалник, меѓу кои претставници на Левица, ДУИ, ВРЕДИ, како и повеќе независни групи. Во Охрид се поднесени 4 кандидатури за градоначалник и 11 листи за советници.

Албанскиот политички блок ќе води клучни битки во Тетово, Гостивар, Сарај, Боговиње, Липково и Арачиново, а најжестоката ќе биде во Чаир – меѓу поранешните сопартијци Бујар Османи и Изет Меџити.

Во Кочани, каде што во март годинава се случи трагедијата во „Макпрогрес“, за функцијата градоначалник ќе се борат 6 кандидати, а за советничките места се поднесени 9 листи, најголем дел од независни.

Кампањата за првиот круг на изборите почнува на 29 септември, додека граѓаните на 19 октомври ќе го дадат својот глас за идните локални власти.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

Петрушевски: Паника и хистерија во СДС, кој ќе седне на обвинителна клупа по сведочењето на Груби?!

Осврнувајќи се на темата за поранешниот вицепремиер Артан Груби во владата на СДС, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски истакна во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 дека би требало институциите независно да постапуваат во тој случај. Според него, опозициската СДС стравува од тоа што би изнел Груби пред обвинителството и кој би седнал до него на обвинителната клупа, ако она што тој го изнел иницира поширока одговорност за можни злоупотреби во рамки на поранешната влада.

To top