Македонија

Колкави се паричните казни што ги носи „Безбеден град“?!

Со почетокот на примената на системот „Сејф сити“ од 1 февруари 2026 година, во Македонија стапува на сила нов, значително построг начин на санкционирање на сообраќајните прекршоци. Наместо класични полициски контроли, казните ќе се изрекуваат автоматски, врз основа на видео и електронски докази собрани преку камерите и сензорите на системот „Безбеден град“.

Со стапувањето во сила на системот „Сејф сити“, камерите автоматски ќе санкционираат четири конкретни сообраќајни прекршоци, за кои се утврдени јасни и фиксни казни, согласно Законот за прекршоци и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

1. Пречекорување на дозволената брзина. За пречекорување на брзината, казните зависат од тоа за колку километри на час е надмината дозволената граница:

– до 20 km/h над дозволеното: 20 евра во денарска противвредност
– од 20 до 30 km/h: 45 евра
– од 30 до 50 km/h: 300 евра, и забрана за управување со возило од 3 до 12 месеци
– над 50 km/h: 400 евра, 4 казнени поени и забрана за управување најмалку 12 месеци

Во населено место, казните се построги и може да достигнат и 500 евра, со задолжителна забрана за управување.

2. Минување на црвено светло. За минување на црвено светло, системот автоматски изрекува:

– 250 евра парична казна

– забрана за управување со моторно возило од 3 до 12 месеци

Доколку прекршокот предизвика опасност или сообраќајна незгода, следува и кривична одговорност.

3. Истечена важност на сообраќајна дозвола/регистрација. За управување со возило со истечена сообраќајна дозвола:

– 100 евра казна за возачот
– 250 евра казна за сопственикот на возилото, доколку е друго лице

Овој прекршок се регистрира автоматски преку поврзување на системот со регистрите на МВР.

4. Непрописно запирање и паркирање. За непрописно паркирање или запирање на забрането место:

– 30 евра казна за стандардни прекршоци
– 45 евра казна доколку возилото го попречува сообраќајот
– 50 евра ако е паркирано на место за лица со попреченост

Во случаи каде што возилото претставува ризик, следува и подигнување со пајак-служба, со дополнителни трошоци.

„Попуст“ за навремено плаќање. Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа 50 проценти од износот. По истекот на рокот, казната се наплатува во целост, со можност за присилна наплата.

Автоматска забрана и одземање дозвола

Возач кој ќе добие три забрани за управување во рок од четири години, автоматски ја губи возачката дозвола. Повторно полагање е можно најрано по една година.

Со почетокот на примената на системот „Сејф сити“ од 1 февруари 2026 година, во Македонија стапува на сила нов, значително построг начин на санкционирање на сообраќајните прекршоци. Наместо класични полициски контроли, казните ќе се изрекуваат автоматски, врз основа на видео и електронски докази собрани преку камерите и сензорите на системот „Безбеден град“.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top