Македонија

Кому му се обратија студентите без ниедно македонско знаме и со извици „УЧК, УЧК“?

Иконографија и пораки од протестот за полагање правосуден испит на албански што отвораат, а не затвораат прашања и дилеми

Знамиња на Албанија и по некое на САД и на Европската Унија, а ниту едно на Македонија, транспаренти на албански и на англиски и ниту еден на македонски јазик, некои од нив со радикални пораки, извици „УЧК, УЧК“ и „летање орли“ го обележаа протестот на студентите Албанци за полагање на правосуден испит на албански јазик.

„Студентите не се предаваат“, „Овој јазик има маченици зад себе“, „Не ми ја допирајте иднината“, „Знаењето нема забранет јазик“, „Политиката го зароби Уставниот суд“ порачаа протестантите поддржани и од дојденци од Косово што продефилираа по улицата и плоштадот „Македонија“, пред Министерството за образование и преку Камениот Мост назад кон чаршијата.

Кому му се обратија неколкуте илјади демонстранти во центарот на Скопје денеска со ваква иконографија и со пишани и усни пораки на туѓи јазици за мнозинството во државата од која бараат права е прашањето што си го поставија сите што наидоа на нив и оние што сликите и снимките од вториот протест со истото барање ги видоа со посредство на медиумите.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top