Македонија

Конечни резултати од ДИК: Во Шуто Оризари ќе се прегласува

Државната изборна комисија (ДИК), во рамките на продолжението на нејзината 150-та седница, денеска ги објави конечните резултати од локалните избори за вкупно 44 општини, при што во 33 од нив градоначалниците се избрани во прв круг, а изборите во преостанатите 33 општини ќе продолжат со втор круг на гласање на 2 ноември

Државната изборна комисија (ДИК), во рамките на продолжението на нејзината 150-та седница, денеска ги објави конечните резултати од локалните избори за вкупно 44 општини, при што во 33 од нив градоначалниците се избрани во прв круг, а изборите во преостанатите 33 општини ќе продолжат со втор круг на гласање на 2 ноември. Оваа објава доаѓа по истекот на законските рокови за поднесување тужби до Управниот суд по приговорите, во постапки за гласање и утврдување на резултатите.

„Единаесет општини се приклучуваат на 33-те општини за кои во четвртокот објавивме конечни резултати за избор на градоначалници, каде што изборите се завршени во прв круг. Со денешнава објава на 11-те општини за избор на градоначалник во прв круг и претходните 33 од минатиот четврток каде што немаше приговори, вкупно се завршени 44 општини каде што е извршен избор на градоначалник во првиот изборен круг. Остануваат уште 33 општини кои ќе одат во втор круг“, рече претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

Во однос на изборот за членови на советите на општините и на Советот на Град Скопје, Кондарко соопшти дека процесот е завршен во сите општини, освен во Општина Шуто Оризари, каде што ќе се повтори гласањето на 2 ноември само за членови на Советот. Оваа одлука следи по одлуките на Управниот суд за поништување на резултатите од три избирачки места во таа општина, поради потенцијално влијание врз распределбата на мандатите.

„По спроведеното гласање на 19 октомври, а по истекот на законските рокови за поднесување тужба до Управен суд по приговори во постапка за гласање и во постапка за утврдување и сумирање на резултати од гласање, ДИК ги објавува конечните резултати за општините во кои не се поднесени тужби до Управен суд по приговори за избори на членови на Совет на општините и членови за Совет на Град Скопје. Остана само една општина со три избирачки места во кои се поништени резултатите од Управниот суд – во Општина Шуто Оризари. По направената симулација, утврдено е дека можно е да има теориско влијание бројот на запишаните гласачи во овие три избирачки места на распределбата на мандатите во Советот. ДИК врз основа на наведеното, согласно одлуките на Управниот суд за поништување на гласањето, одлучи гласањето во овие три избирачки места во Општина Шуто Оризари за избор на членови на Совет да биде повторено на 2 ноември“, објасни Кондарко.

Овие резултати го заокружуваат првиот круг од локалните избори од 19 октомври, кои се одржаа во 80 општини и Град Скопје, со вкупно 3.480 избирачки места и околу 1,8 милиони регистрирани гласачи. Излезноста беше 39,86 проценти, со 727.488 гласачи, што претставува пад во однос на изборите од 2021 година. ДИК потврдува дека изборите поминале во мирна и фер атмосфера, а вториот круг на 2 ноември ќе одлучи за градоначалниците во 33 општини, вклучително и за советот во Шуто Оризари.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

Најнови вести

To top