Македонија

Конгрес: Се’ на дневен ред, но ги заборавија „Бугарите во устав“

Иако стратегијата на Филипче изминатиов период се темели на итни уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот, тие (уставните измени) не ги пишува во ниеден докумет

Два документи со исто лого -“Твоја држава, твоја шанса” денеска Венко Филипче ќе промовира пред делегатите на Конгресот на СДСМ, од кои на крајот би требало да произлезе еден документ.

ТВ 24 дојде до двата документи кои поминаа на ЦО на СДСМ и за кои денеска делегатите на Конгресот ќе дебатираат поделени во групи, под медијаторство на дел од раководството.

Конгресот на СДСМ да прогласи вонредна состојба, бара Еленовски

Иако стратегијата на Филипче изминатиов период се темели на итни уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот, тие (уставните измени) не ги пишува во ниеден докумет .

Во едниот се нагласува забрзано членство во Еу, а во другиот стои дека јазикот е црвената линија, итно исполнување на обврските од  кластерот фундаменти, но не и уставни измени.

…СДСМ и во двете програми ветува социјална правда, инвестиции во здравството,задржување на лекарите во Македонија, инвестиции во образованието, земјоделството, сточарството, безбедноста и НАТО,  дигитализација, е-услуги….

На делегатите им е кажано на Конгресот да дојдат со писмени  забелешки за двата документи.

Дел од нив очекуваат нивните забелешки да станат дел од програмата, а не само да бидат констатирани, дознава ТВ 24

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top