Македонија

Конкурс за прием на песни за „Гоце-Фест“ 2026

Фестивалот по 37–ми пат ќе се одржи во Февруари 2026-та

Авторите што ќе конкурираат треба да ја имаат во предвид карактеристичноста
на македонската фолклорна мелоритмика, историското минато и современост на
македонскиот народ, убавините на Македонија и љубовта кон татковината.(пожелно е да
се опејуваат теми, кои до сега не се воопшто, или многу малку се обработувани).
Секој автор треба да достави нотен запис со впишани хармонски симболи,
стихови и демо-снимка за секоја песна, се вели во Конкурсот распишан од Советот на Фестивалот.

Со испраќање песни на Конкурсот, авторите му го отстспуваат правото на
организаторот, песните да ги аранжира, сними, печати, за прв пат јавно да ги изведе, да ги
стави на носачи на звук и слика, како и сите овие права или некое од нив поедеинечно, да
ги отстапи на трети лица. Сите останати права ги задржуваат авторите, во согласност со
Законот за заштита на авторските и сродни права.

Организаторот го задржува правото, преку своите стручни комисии да врши
мелодиски, ритмички, хармонски или текстуални измени и корекции.
Доколку на Конкурсот не пристигнат доволен број квалитетни трудови,
Организаторот го задржува правото, истите да ги обезбеди по пат на нарачка.

Краен рок за доставување на песните е 30 Ноември 2025година, а истите се
испраќаат на mail adresa – gocefest1@gmail.com
Дополнителни информации на телeфон 070-653-417

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

Мицкоски: Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, кои ќе ја засилат економската соработка со Унгарија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска од Будимпешта порача дека Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, нагласувајќи дека економската соработка со Унгарија има значителен потенцијал за раст.

Најнови вести

To top