Македонија

Корупциски скандал на албанска министерка Балуку поврзувана со спорни зделки во Македонија со Дрин Ахмети, внукот на Ахмети

„Ја допира и Македонија албанскиот корупциски скандал на фирма-партнер на Дрин Ахмети и ‘Ѓока Констракшн’: во документите за јавни набавки се појавуваат и албанските фирми ‘ПЕ-ВЛА-КУ’ и ‘Ѓока Констракшн’, кои во последните години беа поврзувани со спорни зделки и во Македонија“ – објави информативниот портал „Скопје 1.мк“.

Специјалната антикорупциска структура – СПАК во Тирана ја суспендираше вицепремиерката и министерка за инфраструктура Белинда Балуку и ѝ забрани да ја напушти Албанија, поради сомнежи за местење тендери и злоупотреба на службена положба. Според соопштението, Балуку заедно со членови на тендерските комисии однапред ги договарале победниците во две големи постапки – за тунелот Логара и за надворешната обиколница број 4 околу Тирана, при што фаворизирале конкретни приватни компании и создавале неправични предности во процесот.

Во документите за јавни набавки се појавуваат и албанските фирми „ПЕ-ВЛА-КУ“ и „Ѓока Констракшн“, кои во последните години беа поврзувани со спорни зделки и во Македонија. „ПЕ-ВЛА-КУ“ беше партнер на „Тхор Индустрис“ на Дрин Ахмети во време на преземањето на ТЦ „Соравија“ во Скопје, а „Ѓока Констракшн“ беше единствениот понудувач на тендерот за јавно-приватно партнерство за паркингот на Клиничкиот центар. Во Албанија, „ПЕ-ВЛА-КУ“ работела на обиколницата околу Тирана, а „Ѓока Констракшн“ фактички го градела тунелот Логара како подизведувач иако тендерот првично бил поништен, објави информативниот портал „Скопје1.мк“.

Албанскиот премиер Еди Рама не одговори дали ќе ја разреши Балуку, но го критикуваше СПАК дека се меша во ингеренциите на извршната власт. Одлуката е еден од најголемите удари на СПАК врз висок функционер во земјата и отвора дополнителни прашања за регионални врски, влијание и сомнителни деловни практики на компаниите кои настапуваат и во Македонија. Истрагата продолжува и се очекува проширување на мерките.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Огнот кај Драгов Дол слабее, но пожарот кај Велес се шири кон Зелениково

Од 25 пожари што беснееле во земјава во текот на вчерашниот ден, 21 биле изгаснати во текот на ноќта, но четири останале активни. Најголема загриженост предизвикува пожарот кај селото С’лп во Велешко, кој се шири кон Зелениково и селата Добриново и Тисовица.

Во Штип со положување свежо цвеќе одбележани 83 години од смртта на народниот херој Славчо Стојменски, убиен од бугарската фашистичка полиција

Сеќавање за народниот херој на македонскиот народ, кој го положи својот млад живот во темелите на македонската држава.

Почна исплатата на „МојДДВ“: Граѓаните ги добиваат парите на трансакциските сметки

Исплатата на повратот на дел од платениот данок на додадена вредност преку мерката „МојДДВ“ започна денеска. Корисниците кои ги исполнуваат условите може да очекуваат средствата да им бидат префрлени директно на нивните трансакциски сметки.

Виничанецот Јован Костадинов (20), кој спаси 21 живот во смртоносната трагедија во „Пулс“ во Кочани, добитник на шведската „Награда за младинска храброст“ за 2026!

Академијата „Раул Валенберг“, во соработка со Шведскиот институт и амбасадите на Шведска, со гордост ги објави овогодишните добитници на “Наградата за младинска храброст“ („Young Courage Award“). Меѓу годинашниве добитници на таа меѓународна за 2026 е и Јован Костадинов од Виница, кој спаси 21 живот во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.

Велјановски: Продолжува инвестицискиот циклус во Македонија, која станува попривлечна за долгорочни, стратегиски и технолошки напредни вложувања!

„Џаво Отомотив“ во Тетово, „Чагатај Кабло“ во Скопје, „Avesta Battery and Energy Engineering“ во Кичево се новите инвестиции за посилна македонска економија. Покрај компаниите, кои веќе работат и создаваат нова вредност, во периодот што следи ќе се реализираат нови значајни инвестиции. Напоредно Владата води преговори со нови компании, кои имаат интерес да инвестираат во Македонија, истакна на денешната прес конференција Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Клековски: В четврток ќе биде објавен епидемиолошкиот извештај за Гостивар, ништо нема да биде премолчено

Одговарајќи на новинарски прашања за епидемијата во Гостивар, министерот за здравство Сашо Клековски рече дека Министерството ќе го објави епидемиолошкиот извештај на 20 август нагласувајќи дека целта е од оваа епидемија да се излезе отворено и јасно со научени лекции.

To top