Македонија

Кос му се закани на Западен Балкан: Ќе загубите 700 милиони евра без почитување на ,,грејс” периодот

6-те партнери од Западен Балкан се изложени на ризик трајно да изгубат повеќе од 700 милиони евра

Еврокомесарката за проширување Марта Кос успеа меѓу редови да им се закани на земјите кандидати од Западен Балкан порачувајќи им дека ќе загубат над 700 милиони евра без почитување на ,,грејс” периодот за исполнување на реформите.

Проширувањето повторно е една од најстратешките политики на Европската Унија, тврди Кос.

Кос ова го кажа пред Комитетот за надворешни работи (AFET) на Европскиот парламент за време на Структурираниот дијалог пред неколку.

,,Објаснив дека сме загрижени за неодамнешните случувања во Србија, ги информирав европратениците за неодамнешните реформи во Украина и позитивните перспективи за ослободување на заемот за поддршка на Украина, како и за претстојното започнување на дискусиите за изготвување на договорот за пристапување на Црна Гора.

Исто така, им кажав дека 6-те партнери од Западен Балкан се изложени на ризик трајно да изгубат повеќе од 700 милиони евра ако реформите на Планот за раст не бидат завршени до крајот на грејс периодите што доаѓаат во 2026 година”, изјави Кос.

Прочитајте го целиот говор на овој линк: commission.europa.eu/about/organisa…

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top