Македонија

Кошта ја пофали Владата за реформите, но и побара уставни измени „и ништо повеќе од тоа“

Гаранциите што ги бара Македонија би се разгледувале по исполнувањето на обврските, порача претседателот на Европскиот совет

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на заедничката прес-конференција со својот македонски домаќин, премиерот Христијан Мицкоски, ја пофали Владата за напредокот во спроведувањето на реформската агенда во делот на владеењето на правото и реформата на јавната администрација, но, како и лани, побара уставни измени.

„Европската Унија им обезбеди траен мир и стабилност на своите земји-членки преку отпорни демократски институции и силни економски врски. Проширувањето ги нуди истите можности и на нашите европски соседи, како што е Северна Македонија. Но, усвојувањето на договорените уставни измени останува единствениот начин за формално започнување на пристапните преговори. Она што е договорено во 2022 година треба да се испорача и ништо повеќе од тоа. Тоа е единствениот начин за отклучување на целосните придобивки од членството во Европската Унија за граѓаните на Северна Македонија“, изјави Кошта.

Во врска со гаранциите што ги бара Македонија впишувањето Бугари во Уставот да биде последното барање, Кошта порача дека таквата можност би можела да се разгледува по исполнувањето на преземените обврски.

„Посакувам што е можно порано Европскиот совет да има услови да донесе вакви заклучоци. Но за ова, зависи од Северна Македонија да го направи тоа што го договорила во 2022 година“, рече тој.

Претседателот на Европскиот совет го поздрави целосното усогласување на Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

„Тоа испраќа силен сигнал за стратешката ориентација на Северна Македонија и за заедничките вредности што ги споделуваме“, нагласи Португалецот.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top