Македонија

„Актуално“: Рама инсинуира дека Бугарија е терорист кон С.Македонија, ја поддржува владата на ВМРО ДПМНЕ за прашањето на Бугарите во нивниот устав

„Зборовите на Рама се исклучително индикативни, со оглед дека само пред една година ја нарече С.Македонија ‘идна Западна Бугарија’.“ – пишува бугарскиот информативен портал „Актуално“.

„Албанскиот премиер Еди Рама зазеде став со кој, во суштина, ја поддржува владата на ВМРО-ДПМНЕ кога станува збор за прашањето на Бугарите во С.Македонија, гледано низ призмата на членството на земјата во ЕУ. Засега, европскиот пат на Македонија е на чекање, бидејќи Скопје сè уште не сака официјално да ги признае Бугарите во македонскиот устав.“ – објави денеска попладнево бугарскиот информтивниот портал „Актуално“ во својата информација со наслов „Албанскиот премиер Еди Рама инсинуира дека Бугарија е терорист кон С.Македонија“.

Покрај другото, бугарскиот портал пишува: Рама зборуваше на конференцијата „Албанија: нови хоризонти“, што се одржа во Виена, во Австрија, посветена на промоција на неговата држава како пожелна дестинација за стратегиски инвестиции.

Целиот негов говор е објавен на официјалната веб-страница на албанската влада. И тој го кажа следново: „Се надевам дека другите земји, оти Бугарија ќе биде пофлексибилна со С.Македонија, за да им дозволи да преговараат. Бидејќи, има нешто многу лошо, многу лоша навика во Европската Унија да се земаат заложници. Ова е земање заложници, заради внатрешна политика. Заради внатрешна политика, една земја зема друга земја како како заложник. Се надевам дека С.Македонија ќе има нормален пат барем за преговорите, бидејќи нема никаква смисла земја во ЕУ да блокира преговори со земја, што сака да влезе во ЕУ, поради некои билатерални причини. Тоа може да биде многу легитимно, но тоа не е причина да ги блокираш преговорите. Ги оставаш преговорите да продолжат и кога одлуката за членство ќе дојде во последен момент тогаш можеш да кажеш? ‘Не, има нешто, што треба да се одлучи.’ Но, ова е многу лицемерно, лудо.“ – објави бугарскиот информативен портал „Актуално“.





Најнови вести од: Македонија

Кој и зошто му го хакирал мејлот на главниот државен ревизор Максим Ацевски?!

Хакиран бил мејлот на главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, соопшти Државниот завод за ревизија. Можеби е некакво совпаѓање, но Ацевски само еден ден претходно, на 30 јули во интервју за ТВ 24 изнесе дека гостиварското јавно претпријатие „Водовод“ уште од 2007 година работи неодговорно и неефикасно, а неговата сметка во континуитет е блокирана.

Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Обвинител во Вишото обвинителство грубо манипулирал, соучесник е во ова, ќе има истрага!

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го следи случајот со враќањето на пасошот на Борче Марковски, обвинет за злоупотреби од страна на Основниот суд во Струга, и посочи дека во него, како што истакна, „има груба манипулација од локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, кој е соучесник во овој процес“.

Армијата на Република Македонија доби 53 нови офицери, Мисајловски им порача: Ќе бидете чувари на мирот, стабилноста и безбедноста

Армијата на Република Македонија денеска доби 53 нови офицери на свечената промоција што се одржа на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Промовирани беа 36 питомци од 26. класа, 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери за службите на Армијата, како и еден питомец, кој дипломирал на престижната Воена академија Вест Поинт во Соединетите Американски Држави.

Јачева- Улчар: Зад посебноста на македонскиот јазик стојат чувствата на македонскиот народ, но и аргументите на европската наука уште пред 120 години!

„Историјата на македонскиот јазик не ја испишувале само Македонците. Во неа своја трага оставиле и некои од најголемите европски лингвисти на своето време. Кога денес зборуваме за македонскиот јазик не смееме да заборавиме дека зад неговата посебност не стојат само чувствата на еден народ. Стојат и научни аргументи изградени многу пред создавањето на современите држави на Балканот. Историјата на македонскиот јазик не треба да се брани со пароли, туку со документи и факти, кои сведочат дека уште пред повеќе од еден век најугледните европски лингвисти го препознале она што денес некои сѐ уште се обидуваат да го негираат.“ – нагласува д-р Елка Јачева – Улчар, професорка во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во својата објава на фејсбук со наслов „За посебноста на македонскиот јазик“.

To top