Македонија

Ковачев контра Муцунски: Македонија катастрофално заостанува зад Албанија и Црна Гора

Бугарскиот европратеник со спротивен став од шефот на македонската дипломатија, за кој сме лидер во регионот по реформи

Осврнувајќи се на евроинтеграцијата на Македонија, бугарскиот европратеник Андреј Ковачев со спротивно мислење од македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски, според кој „лидери сме во регионот во реализација на мерките од реформската агенда“, односно „на ниво сме со Црна Гора, далеку пред Албанија, а неспоредливи со Србија, БиХ и Косово“.

„Наместо да спроведуваат реформи и да работат за брза европска интеграција на својата земја, тие категорично и катастрофално заостануваат зад Албанија и Црна Гора. Тие цело време се обидуваат да ја променат преговарачката рамка и да постават услов Бугарија да признае македонско малцинство во Бугарија, што е незамисливо според бугарскиот устав и принципот на индивидуални права“, изјави Ковачев за бугарскиот портал „Таралеж“.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top