Македонија

Ковачевски: СДСМ претрпе сериозен изборен пораз, имаше само 124.000 гласа – „Платформата 12:05“ е оправдана!

„Ова што се случува (во СДСМ) не е нешто непознато во политиката, после пораз на избори СДСМ на локалните избори претрпе сериозен пораз, имаше само 124 илјади гласа’’ посочи поранешниот претседател на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски на гостување во МРТ.

Ковачевски одби да даде одговор на прашањето на водителката, во однос на тоа, дали е на страната на Филипче, откако претходно истакна дека „појавата на Платформата 12:05 е сосема оправдана“.

„По убедување јас сум социјалдемократ и секој социјалдемократ од мене ја има поддршката. Игор Ивановски се зачленил во СДСМ иста година како мене 1994 година, Славјанка беше министер во мојата влада. Таму има низа на други луѓе, кои биле дел од СДСМ. Од мене никогаш нема да чуете и не сте чуле досега лични квалификации досега за било кого, негативни, а позитивни може да чуете некого да пофалам и тоа сум го правел за голем број на министри во владата, меѓутоа во негативен контекст од мене нема да чуете, бидејќи секој човек има право да настапува во едно демократско општество на начин на кој смета дека треба да настапува“, потенцираше Ковачевски.

Ако добие повик од Филипче за совет, за тоа каде греши Филипче или за совет во однос на превирањата и платформата, Ковачевски истакна дека тој не е советник на Филипче, ниту пак било побарано до сега некакво мислење од него.

„Неблагодарно е сега од телевизиско студио јас да бидам некаков советник. Во моментов не извршувам ниедна функција во СДСМ, не сум член ниту на Централниот ниту на Извршниот, јас сум само пратеник“, рече Ковачевски.

Ковачевски истакна дека плурализмот на идеи и мислења е важен дел од демократското општество, нагласувајќи дека разговорот е подобар од премолчувањето на несогласувањата. Тој посочи дека случувањата во СДСМ не го изненадуваат, бидејќи слични ситуации се случуваат и во други политички партии.

„Ние изградивме демократско општество во 91 година, и мора полека да се учиме на плурализам на идеи и плурализам на мислења, некогаш е многу подобро да се разговара отколку работите да се туркаат под тепих, за мене не е изненадување вакво нешто бидејќи вакви работи се случуваат во скоро сите политички партии“, заврши Ковачевски.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

Изгор цени во Охрид: Квадратот на атрактивните локации над 3.000 евра

​Најбарани се помалите и функционални станови од 40 до 50 квадратни метри со една спална соба за туристичко издавање. Покрај купувачите од цела Македонија, висок интерес покажуваат и пензионери од западноевропските земји, лица кои работат во странство како и дијаспората.

Народна банка со мерки за заштита на имотот на „Алта Банка“ и интересите на штедачите

Народната банка континуирано ја следи состојбата во Банката и ќе ги преиспитува воведените ограничувања во согласност со развојот на состојбата. За сите промени јавноста ќе биде навремено информирана преку официјалните канали на Народната банка.

До Брвеница и по неа

А СДСМ? Во првиот круг во Брвеница нивниот канидат заврши како четврти, по што објавија победа! Падна Александар Вучиќ во Србија, тие повторно прогласија победа. Претходно и во Унгарија исто така беа победници. Сега чекаме да видиме дали ќе прогласат победа и на изборите во САД? Секаде победуваат. Иако, во Македонија никако не сакаат да има избори

Филипче и Заеви си ја обновија лиценцата за бизнисот со струја

Регулаторната комисија за енергетика денеска објави дека, постапувајќи по барање на фирмата ФОС ИМЕРАС, извршила усогласување на правата и обврските утврдени во лиценцата за вршење на енергетската дејност производство на електрична енергија со Законот за енергетика.

Мицкоски на средба со раководството на Дојче Телеком: Дигиталната преобразба и технолошкиот развој – стратегиски приоритети на Владата на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска заедно со владина делегација во состав на министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски како и директорот на ТИРЗ Гоце Димовски, остварија работна средба со Тимотеус Хетгес, главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, Член на Управниот одбор на Дојче Телеком, ГИД за Европа.

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

To top