Македонија

Кривични пријави за бруталното насилство во скопската населба Аеродром

Не стивнуваат реакциите од ужаснатата јавност за вознемирувачкиот случај во скопската населба Аеродром, од кој се појави видео со брутално малтретирање на девојче од страна на врсници.

Министерството за внатрешни работи ќе поднесе кривични пријави за родителите но и за двете малолетнички кои физички го малтретираа 12 годишното девојче во скопската населба Аеродром. Оттаму информираа дека при разговорот со девојчето жртва бил идентификуван и еден од малолетниците кои снимал со мобилен телефон додека другите деца пак се уште се во фаза на идентификација. Велат и дека за случајот известен бил и  јавен обвинител за малолетници и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.

  • На 01.07.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека на 30.06.2026 околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром нејзината 12-годишна ќерка била физички нападната од 14-годишна малолетничка која била заедно со нејзина другарка и кои претходно ја натерале во два наврати да клекне на колена и да се извинува. Потоа откако тргнала да си оди била физички нападната од друга малолетничка, а целиот чин бил снимен со мобилен телефон од повеќе малолетници кои биле присутни, а едниот од нив го познавала. Истиот ден во полициска станица бил извршен службен разговор со две малолетнички во присуство на нивните родители, велат од МВР.

Насилството што се случи во Аеродром е уште еден инцидент во низата на меѓуврснички насилства кои во Македонија ги има се почесто. Професорката Елизабета Секирарска вели дека и семејството на прво место а потоа и училиштето треба да го изградат карактерот на едно дете. Според неа, потребно е училиштата треба да изградат безбеден и сигурен простор каде што децата жртви ќе се чувствуваат слободни да пријавуваат насилство.

Инцидентот во Аеродром предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Граѓаните бараат построги казни за малолетниците кои ќе се однесуваат насилство, враќање на реонските полицајци во училиштата но и во наслебите и поголема транспарентност од институции во однос на казните за родителите на децата насилници.

Според статистиките во првата половина од 2026 година во Македонија биле регистрирани 93 инциденти на меѓуврсничко насилство во 64 училишта низ државата. Последните податоци на УНИЦЕФ пак покажуваат дека 23 проценти од младите на возраст од 13 до 15 години во Македонија изјавиле дека биле жртви на врсничко насилство барем еднаш во последните неколку месеци, а една третина од младите опфатени со анкета за безбедност на интернет изјавиле дека доживеале и онлајн малтретирање.

Најнови вести од: Македонија

Политиката мора да ги тргне рацете од образованието, реагира министерката Јаневска

Многу години наназад образованието било поле каде што се судрувале политички копја, но откога јас сум министер постојано повторувам и јасно дадов на знаење дека политиката мора да ги тргне рацете од образованието, затоа што, не е тоа флоскула туку реалност – образованието е еден од најсилните столбови на државата и е потребно во сите ресори, рече Јаневска.

(Видео): Нема повеќе листи на чекање – сè се сработува во предвидениот рок, рече Андоновска

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ги расчистил заостанатите предмети и повеќе нема листи на чекање за пристигнатите барања од МАЛМЕД, информира директорката на Институтот. „Некогаш се чекало од три до шест месеци и се имаше натрупано работа, предмети… Некои се чувале и по фиоки, се прашувам зошто!?“, напиша директорката Марија Андоновска. Таа посочува дека со […]

Голем метеж и чекање на граница, само на „Богородица“ се чека околу еден час

Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината кон условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. Се препорачува дополнително внимание при движење низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои ризик од појава на одрони.

Млади луѓе со години чекаат трансплантација на срце

Дарко и Васко бараат шанса за живот, која може да се роди во најтешкиот момент за едно семејство – со одлуката да донира органи и да спаси други животи. За десетиците пациенти кои чекаат трансплантација, органодарителството е единствената надеж.

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

To top