Македонија

Крушево подготвено за Илинден – Гаши испрати честитка

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, втора година по ред нема да присуствува на одбележувањето на Денот на Републиката во Крушево, поради учество на исламка конференција во Египет

Вечерва започнува традиционалната манифестација „10 Дена Крушевска Република“, со која се одбележуваат 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република.

Програмата ќе почне со положување цвеќе на гробот на Даме Груев, по што делегации ќе ја посетат Спомен-куќата на Смилевскиот конгрес во селото Смилево.

Во 18 часот, пред Столбот на Крушевската Република кај црквата „Свети Никола“, ќе пристигнат околу 120 илинденски коњаници, по што ќе се формира свечена поворка кон Гумење.

Во текот на денот ќе биде оддадена почит и на гробот на Питу Гули, Партизанските гробишта, гробот на Тоше Проески, криптата на илинденските востаници и бистата на Веле Марко.

Во 19:30 часот пред споменикот „Илинден“ ќе биде отворена изложбата на Државниот архив „Илинденското востание во архивската меморија“.

Свеченото отворање на манифестацијата е закажано за 20 часот на Гумење. Предвидени се обраќање на градоначалникот Нико Чонески, читање на Крушевскиот манифест и традиционалното симболично пукање од Црешовото топче – симбол на почетокот на Илинденското востание.

Централната прослава ќе се одржи утре, 2 август, на Мечкин Камен, каде што е најавено обраќање на потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, втора година по ред нема да присуствува на одбележувањето на Денот на Републиката во Крушево. Според најавите, неговото отсуство годинава е поради учество на конференција во Египет.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top