Македонија

Кумановец (59) брутално ја испретепал сопругата со клоци и боксови, кршејќи ѝ три ребра!

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 59-годишен кумановец, осомничен дека при вршење семејно насилство тешко ја повредил сопругата.

„На 20 март во семејната куќа сопружниците имале вербална расправија, а осомничениот физички ја нападнал жената, удирајќи ја со тупаници и клоци по целото тело, при што и предизвикал сериски фрактури на три ребра.

Кумановецот е осомничен за кривично дело „тешка телесна повреда“. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката“, известуваат од ОЈО. 

Најнови вести од: Македонија

250 илјади евра за настани во еден ден – Како се организирала прославата за поканата за членство во НАТО во 2018 г.

Задолженијата и одлуките биле донесени четири дена пред настаните, дел од постапките биле почнати истиот ден кога се донесени заклучоците од Владата, а договорот за техничката опрема бил потпишан еден ден пред настаните

Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен

Апликацијата ќе ги содржи личните документи на граѓаните во електронска форма, меѓу кои личната карта и возачката дозвола, а во почетната фаза преку неа ќе бидат достапни и неколку електронски услуги од јавната администрација

Љубчо Георгиевски смета дека скандалозниот испад на Костадинов е добра иницијатива

Пратеникот Костадинов дал иницијатива со која во бугарската правна рамка македонскиот јазик би се третирал како дијалект на бугарскиот јазик. Ова е добра основа во втора фаза да биде прогласен и за официјален во Бугарија – смета Љубчо

ВМРО-ДПМНЕ: 4, 6 милиони евра провизии за незавршена железница, СДС и ДУИ должат одговори

Сериозен скандал и резулат од неодговорното управување на СДС и ДУИ со стратешките инфраструктурни проекти. Првата и втората фаза не биле завршени, роковите биле пробиени, а наместо железничка инфраструктура граѓаните добиле милионски трошоци

To top