Македонија

Куновска: И така, СДСМ се сведе на Филипче!

Ако уште ова помине кај “интелектуалците” и членството во СДСМ, нека се подготват партијата да се задолжува и натаму додека не се “потроши” и зградата

Поранешната функционерка на СДСМ,Софија Куновска, изрази незадоволство дека само лидерот на опозициската партија, Венко Филипче, не поднел оставка, а сите други во раководството синоќа го сториле тоа.

„Дали СДСМ драматично тоне под негово водство?

Дали сета кадровска политика и за органите во партијата и за кандидатите за градоначалници и советници ја водеше сам, во консултација со Муртино?

Дали сите политики, изборот на тим и фирма за кампања го обликуваше сам, пишуваше резолуции без согласност на органите на СДСМ и координација со пратеничката група, се нудеше за широка коалиција, што јавно, што скриено, постојано се туркаше во прегратките на Мицковски?

Исход, сите дома, тој останува.

Ако уште ова помине кај “интелектуалците” и членството во СДСМ, нека се подготват партијата да се задолжува и натаму додека не се “потроши” и зградата, а во меѓувреме сите да бидат средство во функција на личните интереси на неколку криминални ликови, чии дела што им демнат со затворски казни над глава треба да застарат.

Венко никогаш и немал на памет идеја дека е дојден да победува СДСМ.

Но едно нека остане запаметено, а тоа е дека цената за овие “туѓи бели дворови” ќе ја плати не само СДСМ туку и ВМРО—ДПМНЕ и сите граѓани на Македонија“, напиша Куновска.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top