Македонија

Куновска: Театар на апсурдот беше Конгресот на СДСМ

Претстава во три чина, а по последниот аплауз, Бихаќка ќе биде оставена како празна сала по завршена претстава, отстапена како бакшиш, без публика и без употребна вредност

Поранешната функционерка на СДСМ, Софија Куновска, со жестока критика на Конгресот на СДСМ одржан во саботата за кој, како што вели, највисокиот орган на нанекогаш моќниот СДСМ наликуваше најмалку на политички настан.

„Првиот чин започна со монологот на „главниот лик“, пишува Куновска во објава на сеовцијалните мрежи.

„Наместо автентичен политички говор добивме хибридна конструкција, склопена од алгоритам и носталгија. Комбинација од вештачка интелигенција и механички пресликан говор на Бранко Црвенковски од 8 октомври 2009 година, од Универзалната сала, кога одекна прочуеното „Или си СДСМ или не си“. Денес, таа реплика беше изговорена како лошо синхронизиран “дубл“ без страст, без уверување, како дигитално ехо од една одамна одиграна претстава.

Во вториот чин, на сцената се појави хорот. Поранешен партиски функционер, во улога на сценски менаџер, по налог од режисерската кабина во Муртино, се погрижи уште на почетокот да продефилираат десетици „спонтани“ говорници. Нивната задача беше едноставна: аплауз на команда, поддршка на сигнал, илузија на одушевување.

Третиот чин, според Куновска, го донесе врвот на апсурдот. „Главниот лик“, кој во координација со својот политички татко, човекот што на таен состанок на Бихаќка ја породи зачнатата идеја на неколку последователни средби на тајни локации со Мицковски, идејата за широка коалиција со ВМРО-ДПМНЕ како наводен спас од длабока опозиција, сега излезе пред публиката и ги обвини критичарите на состојбите во СДСМ за соработка со ВМРО-ДПМНЕ.

Обвинение изговорено без срам и усул, оценува Куновска.

„Епилогот беше не само предвидлив туку и очекуван. Овој Конгрес не беше катарза, туку уште една реприза на истата агонија. Наместо крај на поделбите овој Конгрес на СДСМ го трасира нивното официјализирање. Наместо пресврт на една некогаш моќна политичка сила, овој највисок орган ќе послужи за да се одржи и натаму политичкиот стечај.

Во очи на Конгресот кружеше и мит за некаков „голем бунт“, се подгреваше легенда за некакви митски авторитети кои наводно, ќе ја превземеле сцената. Само за потсетување тоа се оние исти ликови кои со години се гоштеваа и се напиваа од Муртинскиот бунар, луѓе кои никако не можат да бидат носители на драматичен пресврт, таков каков што навистина му е потребен на СДСМ.

Најтрагичната улога, сепак, им припаѓа на искрените, чесни и добронамерни членови на партијата. Тие се заложници на сценарио во кое СДСМ мора да остане политички анестезиран сè додека во заднината не се одигра најважниот чин, измените на Кривичниот законик, скроени во Муртино кои треба да обезбедат сигурна застареност за потенцијалните кривични прогони на клучни поранешни функционери.
По последниот аплауз, Бихаќка ќе биде оставена како празна сала по завршена претстава, отстапена како бакшиш, без публика и без употребна вредност“

И да не се залажуваме, оваа претстава не е во продукција само на СДСМ. За реализацијата на ова сценарио, путер на главата имаат и одредени структури на ВМРО ДПМНЕ кои седејќи мирно во режисерската столица, даваат тивка поддршка од сенка., објави на социјалните мрежи Софија Куновска..

Куновска: И така, СДСМ се сведе на Филипче!

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

Сиљановска-Давкова очекува ново поглавје со Грција со bona fide политика

Грчкиот амбасадор најавил грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето

To top