Македонија

Куновска за „примитивецот“ Филипче: Веднаш да се спакува од „Бихаќка“ и да си замине

Експратеничката на СДСМ го спореди Филипче со „оној што го постави и кој ни покажуваше ‘магарешки стапови’ по прес-конференции“

Поранешната пратеничка на СДСМ, Софија Куновска, не штедеше „комплименти“ со кои го почести лидерот Венко Филипче за недоличниот речник во обраќањето кон премиерот Христијан Мицкоски, нарекувајќи го „комплетен идиот“.

„Оној сомнително избран претседател на СДСМ, кој има никаков легитимитет, е скоро ист примитивец како оној што го постави и кој ни покажуваше ‘магарешки стапови’ по прес-конференции.

И на СДСМ, но уште повеќе и на Македонија, ѝ е потребно веднаш да се спакува од ‘Бихаќка’ и да си замине“, порача преку Фејсбук некогашната претседателка на Градската организација на СДСМ.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

To top