Македонија

Курти во Македонија – Меџити го пречека на граница

Дочек како знак на почит и благодарност за врските што нè обединуваат, вели вицепремиерот

Фото Газета Експрес

Вицепремиерот на Македонија, Изет Меџити, вчера го пречека премиерот на Косово, Албин Курти, кој допатува на состанокот ЕУ-Западен Балкан што се одржува во Скопје..

„Денес го пречекав премиерот на Косово, Албин Курти, на границата…Го пречекав како пријател, како брат, како лидер на држава која е покрај нас во секое време.

Овој дочек беше знак на почит и благодарност за врските што нè обединуваат, за заедничкиот пристап што го имаме кон предизвиците на регионот и за вербата што ја споделуваме во нашата европска иднина.

Разговаравме кратко, со искреност и заедничка волја. За можностите што ги имаме пред нас. За соработката. За нашите луѓе, за нашите земји, за нашиот пат кон Европа. И добро е кога на овој пат сме еден до друг“, пишува Меџити. како што пренесе Телеграфи/

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top