Македонија

Зголемен метеж на Табановце и Богородица

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ се забележани гужви

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ се забележани гужви, со време на чекање до 30 минути за влез на „Табановце“ и околу 20 минути за излез на „Богородица“. На другите гранични премини сообраќајот се одвива без подолги задржувања, соопштуваат од АМСМ.

Регионалниот пат Македонски Брод – Скопје останува затворен поради големиот пожар во Националниот парк „Јасен“. Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта генерално тече непречено, по суви коловози, но со зголемен интензитет надвор од градските средини поради летната сезона и патувањата за одмор.

АМСМ ги советува возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да возат внимателно, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите каде постои ризик од одрони. Ова особено се однесува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top