Македонија

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Леб од 120 денари по килограм, 250 душеци кои со години стојат неупотребливи, а и набавки за други видови храна по цени повисоки од пазарните

Леб од 120 денари по килограм, 250 душеци кои со години стојат неупотребливи, а и набавки за други видови храна по цени повисоки од пазарните – ова се само дел од отстапувањата кои ги откри Државниот завод за ревизија во студентскиот дом „Пелагонија“ во Кисела Вода. Во 2023 година договорената цена за леб била 57,46 денари за килограм, но при реализацијата економскиот оператор едно парче леб го фактурирал како килограм. Според ревизорите, ова било откриено дури кон крајот на 2024 година поради слабите внатрешни контроли. И не застанале тука, со новиот договор во 2025 година, цената на лебот достигнала 126 денари за килограм, додека пазарната цена била околу 70 денари.

„Ревизијата утврди и дека со новиот договор во 2025 година цената на лебот достигнала 126 денари/кг, што е значително над пазарната цена од околу 70 денари/кг, што укажува на неекономично користење на јавните средства и слабости во контролата на јавните набавки“, констатира ДЗР.

Во студентскиот дом биле набавени и 250 душеци во вредност од околу 1.174.000 денари, кои никогаш не биле ставени во употреба, а причината е тоа што димензиите на душеците биле поголеми од креветите. Ревизорите утврдуваат дека и претходно биле набавени уште 450 душеци од истиот добавувач и поради несоодветните димензии, била нарушена стабилноста и статиката на креветите.

„Набавени се 250 душеци во вкупна вредност од 1.174.000 денари (од предвидените 500 душеци) со димензии различни од предвидените во техничката спецификација, без соодветна документација за прием и притоа истите се складирани во домот и воопшто не се ставиле во употреба.“, велат од Државен завод за ревизија.

Недоследности биле пронајдени и кај набавките на месо, месни производи, риба и земјоделски производи. Во голем број случаи договорите биле склучувани без однапред дефинирани количини. Дополнително, кај дел од догворите била надмината и договорената вредност. ДЗР оценува дека сето ова укажува на слабости во конролите,планирањето и спроведувањето на јавните набавки во студентскиот дом.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top