Македонија

Лефков: Опозицијата води валкана предизборна кампања за локалните избори! Шири сомнителни вести, навредува, наместо да критикува конструктивно!

Остри критики на Миле Лефков, пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кон опозицијата, која, водејќи валкана кампања против Владата и ВМРО ДПМНЕ поодделно како владејачка македонска партија, ѝ нанесува штета поправо на Република Македонија и на демократските процеси во неа.

Миле Лефков, пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа се осврна на денешната собраниска седница околу ребалансот на Буџетот и истакна дека опозицијата постојано само омаловажува и нема никаков критички осврт, што недостасува во земјата во овој момент, според него. Лефков дополни дека ваквото однесување на опозицијата може да им наштети на демократските процеси во Македонија, бидејќи однесувањето на Владата е многу важно, но, исто така, е важно и однесувањето на опозицијата.

„Зборуваат за пренамена на 4 милиони денари кога во исто време за надоместување на штетата, што ја има направено Оливер Спасовски во МВР, се потребни 22 милиони евра. Управата за јавни приходи во нивно време ја тресеа скандали за поврат на милиони од данокот на додадена вредност за фиктивни фирми. Но сега тие за одредени проценти од тој износ се обидуваат да скандализираат и тоа само затоа што биле пренаменети од една на друга ставка. Тоа доведе на крајот со вакви навреди од Битиќи“ – кажа Лефков.

Тој посочи дека во Македонија во моментов недостасува критичната мисла и борбата на идеи. „Опозицијата навистина не си го најде своето место. Според начинот како што се поставува, опозицијата најавува навистина валкана кампања за локалните избори. Ова се случува, затоа што во Македонија недостасува критичната мисла, недостасува борба на идеи, борба на платформи. Практично во овој момент единствено владата има има одредена платформа и се борат за нејзина реализација.“ – нагласи Миле Лефков. 

Според него, видливо е дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ги остварува предизборните ветувања. Лефков истакна дека опозицијата постојано омаловажува, наместо конструктивни критики . „Од другата страна наместо критики имаме навредување, омаловажување. Гледаме сомнителни вести, ширење на сомнителни вести, обид за етикетирање и сето тоа засилува како што се наближуваат локалните избори.“ – посочи Лефков. 

Тој ја обвини опозицијата дека постојано упатува навреди, кои можат да ѝ наштетат на демократијата во земјава.

„Опозицијата може само дополнително да им наштети на демократските процеси и развојот на демократијата, затоа што за развојот на демократијата во една држава не е доволна само Владата, туку е многу важно однесувањето и на опозицијата.“ – предупреди пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа 

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Пратениците на СДСМ си заминаа од работа, откако законот за минимална плата не беше ставен на дневен ред

Не помина предлогот на пратениците на СДСМ да се гласа за дополнување на дневниот ред со нивното законско решение со кое се прифаќаат барањата на ССМ, по што тие решија да ја напуштат работата на денешната 84. седница. До соопштување на ваквата одлука на опозициската партија претходеше дебата меѓу координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и претседателот на Собранието, Африм Гаши, а беше дадена и едночасовна пауза.

Владина делегација на средби во УНЕСКО – Ќе има ли договор за заштита на Охридскиот Регион?!

Во фокусот на разговорите беше состојбата на Охридскиот Регион како природно и културно светско наследство, при што беше нагласена важноста од континуирана и навремена имплементација на препораките за заштита, со цел зачувување на неговиот статус на Листата на светско наследство.

Ревизијата откри куп пропусти во ДСЗИ – Какви играчки и козметика се продаваат во продавниците?!

Дали и кој може да гарантира дека на рафтовите во продавниците има безбедна козметика и играчки за децата. Во Македонија има листа на забранети супстанци но таа е од 2010 и досега не е ревидирана. Тоа остава простор за соменвање дека штетни и опасни материи по здравјето можеби ги има во дел од овие производи, констатирал Државниот завод за ревизија кој и утврдил дека во државата нема ниту соодветна лабораторија за роверка на забранети супстанци.

To top