Македонија

Лицата со ниски примања можат да аплицираат за набавка на инвертери

Правото на инвертер клима-уред не може да го остварат домаќинства кои во изминатите 5 години користеле субвенција за набавка на клима-уред или печка на пелети, како и оние кои имаат приклучок на систем за централно греење.

Ранливите групи можат да аплицираат за добивање субвенции за набавка на инвертери и за помош од 1.000 денари за сметките за струја на огласот на Министерството за енергетика. Премиерот Христијан Мицкоски денес кажа дека за ова се издвоени 170 милиони денари (околу 2,75 милиони евра).

За субвенции за клима-инвертери може да аплицираат домаќинства со ниски приходи, чиј вкупен нето месечен доход во 2024 година не надминувал 25.000 денари за едночлено домаќинство, 31.000 денари за домаќинство со два члена, 37.000 денари за домаќинство со три члена и 43.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена. Домаќинства во кои единствен приход е пензија, да не надминува 15.700 денари за едночлено домаќинство, 19.800 денари за домаќинство со два члена и 23.700 денари за домаќинство со три и повеќе члена. Граѓаните нема да добиваат ваучер за сами да го купат инвертерот, туку Министевството за енергетика ќе распише тендер и ќе ги набави па после ќе ги дели на корисниците. 

Правото на инвертер клима-уред не може да го остварат домаќинства кои во изминатите 5 години користеле субвенција за набавка на клима-уред или печка на пелети, како и оние кои имаат приклучок на систем за централно греење.

За финансиска поддршка за потрошена електрична енергија можат да аплицираат лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, со целосно слепо лице и со целосно глуво лице.

За доделување инвертер клима-уред треба да се поднесе пополнетo барањe, изјава заверена на нотар, фотокопија од лична карта на барателот, фотокопија од лични карти за членовите на домаќинството, за полнолетни лица или изводи од матични книги за малолетни лица во домаќинството, извод од матична книга на венчаните, потврда за развод или посмртница и фотокопија од последна сметка за електрична енергија за 2025 година.
За доделување финансиска поддршка за потрошена електрична енергија треба да се поднесе пополнето барање (обрасци 1, 2, 3 и 4), изјава за веродостојност на податоците, заверена на нотар, фотокопија од решение за стекнато право на корисник на посебен додаток, фотокопија од последна сметка за електрична енергија за 2024 година и фотокопија од лична карта на барателот и фотокопија од лични карти за членовите на домаќинството – за полнолетни лица или изводи од матични книги за малолетни лица во домаќинството, извод од матична книга на венчаните, потврда за развод или посмртница.

За доделување инвертер клима-уред рокот за аплицирање е 60 дена од денот на објавување на јавниот оглас, односно до 5 октомври 2025. За финансиска поддршка за потрошена електрична енергија рокот за аплицирање е 30 дена од денот на објавување на јавниот оглас, односно до крајот на август 2025.

Обрасците и изјавата се достапни на веб-страницата на Министерството, во делот јавни огласи. Документацијата се доставува по пошта или лично на адреса улица Македонија бр. 27, 1000 Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

Димитриевски: „Да“ за Европа, но европски пат со заштита за македонскиот идентитет и без отстапки кон Бугарија!

Лидерот на ЗНАМ предлага парламент со 90 пратеници како дел од пошироки изборни реформи. Истовремено бара заштита на македонскиот идентитет и европски пат без отстапки кон Бугарија.

To top