Македонија

Лидерот на ЗНАМ му порача на Филипче дека нема никакви социјалдемократски вредности

Лидерот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, остро одговори на критиките од лидерот на СДСМ

Лидерот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, остро одговори на критиките од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој го обвини дека е „предавник на социјалдемократската идеја“ и „подизведувач на ВМРО-ДПМНЕ“. Димитриевски возврати, истакнувајќи дека Филипче, кој ужива во луксузен животен стил, не може да се смета за вистински социјалдемократ. Тој го критикуваше Филипче за нејаснотиите околу неговиот имот и побара објаснување за начинот на кој тој стекнал такво богатство, вклучително и за добивањето „златна виза“ како инвеститор.

Димитриевски нагласи дека СДСМ, некогаш значајна партија, сега губи поддршка и членови, кои масовно преминуваат во ЗНАМ, препознавајќи ги вредностите на неговото движење, засновано на идеалите на Крушевската република и АСНОМ.

„Човек кој во себе нема никакви социјалдемократски вредности, бидејќи времето го поминува во луксуз, раскош на јахти и во скапи автомобили,“ рече Димитриевски за Филипче.

Тој додаде: „Во континуитет поддржан од неговиот политички гуру – Зоран Заев, не може да биде човек што ќе ја претствува социјалдемократијата. Истиот ниту знае со колкав имот располага, ниту може самиот становите да си ги преброи, па оставам на јавноста да процени дали тој е вистински социјалдемократ.“

Димитриевски го предизвика Филипче на ТВ дуел, повикувајќи го да избере време, место и новинари, па дури и да поведи публика. „Ете Венко, одважи се и излези да се соочиме, верувам дека ќе смогнеш храброст, ако сакаш поведи и публика со себе. Јас ќе дојдам сам,“ порача тој.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top