Македонија

Лимани не се повлекува: Останувам в.д. градоначалник на Гостивар до изборот на нов на редовни избори!

Валбон Лимани, кандидат за градоначалник на Гостивар од Националната алијанса за интеграција на локалните избори, кои во општина Гостивар беа неуспешни, сега се впушта во недозволиви провокации кон Владата на Република Македонија: не само што не се повлекува од позицијата вршител на должноста на градоначалник на Гостивар, на која бил поставен само привремено и на која повеќе нема никаква основа да остане, туку веќе и се заканува дека ќе ги „искористел сите законски средства“, ако „Владата се обидела да го прекрши законот“, именувајќи друг в.д. градоначалник на Гостивар?!

„Во четири општини не беше достигнат цензусот за избор на градоначалници, но најсложена е состојбата во Гостивар. Валбон Лимани, кој од јули е вршител на должноста градоначалник на општина Гостивар, вели дека ‘според законот има право да остане на функцијата’ до изборот на нов градоначалник на редовни избори. Тој најавува дека ќе поднесе жалба до Уставниот суд, ако  Владата именува нов в.д. градоначалник.“ – објави ТВ 21 во својата информација со наслов „Валбон Лимани не се повлекува: вели дека ќе остане на функцијата сè до изборот на нов градоначалник“.

Натаму телевизијата наведува: „На осми јули бев избран како в.д. градоначалник на општина Гостивар. Согласно со законот за локална самоуправа, член 54, а потоа и член 4, јас треба да ја извршувам функцијата градоначалник сè до изборот на нов градоначалник на редовни избори. Законот вели дека треба да се избере нов градоначалник, без да се прецизира дали станува збор за редовни, повторени или вонредни избори. Јасно е наведено дека мојот мандат трае до изборот на нов градоначалник на редовни избори.“ – тврди Валбон Лимани.

Тој додадава дека „дека ќе ги искористи сите законски средства“, ако „Владата се обиде“, како што вели, „да го прекрши законот“.

„Ако Владата донесе одлука за именување, ќе ја обжалиме и ќе бараме од Уставниот суд да оцени дали таа одлука е во согласност со уставот и законот. Верувам дека правото е на наша страна. Сите правни експерти и поранешни судии, што ги консултиравме, велат дека во случајот со Гостивар ситуацијата е јасна и чиста – според законот, јас треба да ја извршувам оваа функција до избор на нов градоначалник.“ – тврди Валбон Лимани.

Од друга страна, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата ќе постапи во согласност со законот, откако ќе го добие официјалното известување од Државната изборна комисија за неуспешните избори во четирите општини. – објави ТВ 21.

Најнови вести од: Македонија

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top