Тема: Влада на Република Македонија

Мицкоски: Владата има мандат до пролетта 2028, но подготвени сме да одговориме, ако бидеме предизвикани на предвремени избори

Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше наметнувањето на темата за предвремени парламентарни избори од страна на опозицијата. „Опозицијата е оптоварена и тоа е нивен најголем проблем. Оваа Влада има мандат до пролетта 2028 година. Ние сме насочени на тој мандат, да го спроведеме она, што го очекуваат граѓаните го очекуваат од нас. Но, ако бидеме предизвикани, подготвени сме да одговориме на тој предизвик.“ – посочи Мицкоски.

Мицкоски: Очекуваме евроинтеграција врз јасни критериуми и исполнување реформски обврски, а не да биде оптоварена со билатерални прашања!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата имаше средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос. По средбата искажа благодарност до ЕУ за поддршката, која ја добива Македонија во реализација на проектите. „Денешната средба и посета претставува можност за отворен, искрен и суштински разговор за нашата европската перспектива, за реформите што ги спроведуваме и за потребата процесот на проширување да остане доследен на принципите врз кои е изградена Европската Унија – доверба, предвидливост, еднаков третман и почитување на достоинството на секоја држава кандидат.“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Мицкоски.

Кос задоволна од сработеното на владата: Македонија се наоѓа меѓу најдобрите изведувачи на патот кон ЕУ

Македонија се наоѓа меѓу најдобрите изведувачи, за тоа што е усогласеност со европските стандарди и затоа Македонија се квлификуваше во групата на земји на кој што ќе дадеме дополнителни средства за Планот за раст, и го дискутиравме ова навистина многу, ова не е толку очигледно. Може да дојдете до врвот, затоа што ги испорачувате очекувањата и навистина сум среќна што можам да ве уверам дека вашата земја се наоѓа токму во таа група, истакна на денешната заедничка прес конференција со премиерот Христијан Мицкоски еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Започна укинувањето на „Пржинската“, „техничка влада“ – доста е веќе со „пржинските експерименти“ со Македонија!

„Со 67 гласа за и 13 против – сите од опозицијата, Собранието ја утврди потребата од донесување на измени на законот за Влада, со што се предлага укинување на Пржинската, односно техничката влада. Од СДСМ бараат измените да бидат донесени со консензус исто како и кога беа усвоени претходно, а не како што сега е предложено, по скратена постапка. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски рече дека токму по барање на Христијан Мицкоски донесени се потоа измени техничката влада да функционира се до влегувањето на земјава во ЕУ.“ – објави ТВ 21 во својата статија „Почна процесот на укинување на Пржинската влада – опозицијата против и бара консензус, власта вели тоа е надминато решение“.

Проектот за брз автобуски превоз во Скопје ќе се реализира со заем од 70 милиони евра од ЕБРД!

Вицепремиерот Александар Николоски објави дека Владата дава силна поддршка за реализација на проектот за брз автобуски превоз (БРТ) во Град Скопје. Тој нагласи дека средствата од 70 милиони евра ќе бидат обезбедени преку заем од ЕБРД, а рокот за завршување е февруари 2029 година.

Владата ги испраќа имињата на кандидатите за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители

Официјално не се соопштени имињата на кандидатите, но според потврда на самите кандидати, се работи за моментната вршителка на должноста државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката од скопското Обвинителство Лидија Раичевиќ, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд Ненад Савевски и поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчeвски.

Владата ќе го поддржи секој договор меѓу работодавачите и работниците за минималната плата

„Нам како на нас како Влада ни одговара зголемување на минималната плата, бидејќи ќе имаме поголеми приходи во буџетот. Ние сме работодавач на 100 илјади вработени, а државата има 705 илјади  вработени. Значи тие 600 илјади ќе дојдат кај нас. Ако гледаме себично, тогаш можеме да кажеме од утре да се зголеми, но ние сме Влада, која во рамки на социјалниот дијалог посредува меѓу работодавачите и работниците. Ни е како Влада ќе го поддржиме секој договор, што ќе го постигнат. “ – нагласи премиерот Христијан Мицкоски по посетата на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Владата со засилено темпо ја спроведува реформската агенда, до јануари се очекува реализирање 8 од 12 клучни чекори

Тој истакна дека поради законските ограничувања, изборната кампања и спроведувањето на изборите, се доцни со дел од реформските чекори во реализацијата: околу 12 чекори требало да бидат завршени до овој момент

Муцунски: Нашето место е во ЕУ, бараме решение за блокадата од Бугарија, што нема да ги загрози националните интереси

„Во моментов веќе има низа закони во собраниска процедура, насочени кон борбата против корупцијата, зајакнување на владеењето на правото и реформата на правосудството, како и други законски и подзаконски акти, поврзани со реформската агенда, чие донесување е поздравено од Европската Унија.“ – истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски, како дел од делегацијата, предводена од претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, која вчера и денес престојува во работна посета на Брисел.

To top