Македонија

Љутков: Македонија останува посветен партнер во остварувањето на мисијата на УНЕСКО

Министерот за култура и туризам и претседател на Националната комисија на УНЕСКО, Зоран Љутков, учествува на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, што се одржува во Конгресниот центар „Патот на свилата“ во Самарканд, Република Узбекистан.

Министерот за култура и туризам и претседател на Националната комисија на УНЕСКО, Зоран Љутков, учествува на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, што се одржува во Конгресниот центар „Патот на свилата“ во Самарканд, Република Узбекистан.

Во своето обраќање пред присутните министерот Љутков ја истакна заложбата на Република Македонија за унапредување на соработката со УНЕСКО и активното учество во реализацијата на иницијативите што ги обединуваат образованието, науката, културата и иновациите во функција на одржлив развој.

„Нашата држава негува посебен респект кон УНЕСКО, организација која со своето дејствување го оправдува своето постоење преку промовирање на универзалните вредности и развојни цели од заеднички интерес. Горди сме на придонесот што го вложуваме во промовирањето и имплементирањето на активностите на организацијата на национално, регионално и меѓународно ниво“, истакна министерот Љутков.

Тој посочи дека македонската влада посветува особено внимание на областите што се во фокусот на УНЕСКО -заштитата на културното и природното наследство, справувањето со климатските промени, како и развојот на новите технологии, дигитализацијата и вештачката интелигенција.

Министерот потсети дека во доменот на образованието, со поддршка на УНЕСКО, е изработен извештај за квалитетот на националниот образовен систем кој потврдува дека земјата се движи во насока на еднаков пристап, инклузија и безбедна училишна средина.

Осврнувајќи се на културната соработка, Љутков ги потенцира активностите реализирани во рамките на 20-годишнината од Конвенцијата за заштита и унапредување на разновидноста на културните изразувања (2005), во кои активно се вклучени националните институции, фестивалите „Охридско лето“, „Струшки вечери на поезијата“ и „Мајски оперски вечери“.

Посебно внимание, како што нагласи министерот, се посветува на заштитата на културното и природното наследство, со акцент на Охридскиот Регион – впишан на Листата на светско наследство на УНЕСКО пред повеќе од четири децении. „Како држава сме исправени пред предизвикот да ја зачуваме неговата исклучителна универзална вредност и да ја оправдаме довербата што ни е укажана,“ истакна Љутков.

Тој потсети и дека „Традиционалната изработка и свирење на гајда“ е впишана како мултинационален елемент на Репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото, а македонски експерти веќе работат на нови номинации.

Министерот изрази благодарност до Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа со седиште во Венеција за континуираната поддршка и потсети дека Македонија годинава претседава со Советот на министри за култура на Југоисточна Европа, во рамките на иницијативата Јакнење на културата во функција на одржливиот развој.

На крајот од своето излагање, Љутков изрази благодарност до досегашната генерална директорка на УНЕСКО, Одре Азуле, за нејзиното визионерско раководење и му посака успешна работа на новоизбраниот генерален директор Калед Ел-Енани.

„Нашата визија е јасна-Македонија да биде земја во која културата, образованието, науката и иновациите создаваат силна синергија за одржлив развој и општествен просперитет,“ порача министерот Љутков.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top