Екс премиерот Љубчо Георгиевски со честитката за Илинден повторно испровоцира дебата за историските аспекти на Илинден но притоа заборава дека тоа што го говори откако стана неважен политичар е сосема спротивно на тоа што го правел додека бил премиер.
Георгиевски сега вели дека Илинден сега е само форма затоа што ја загубил содржината во 1944 година.
Додека беше премиер тој или свесно славен форма без содржина или сега лаже пред јавноста.
Од оваа стара фотограгија се гледа дека Љубчо во времето кога беше премиер гордо чекорел кон Мечкин Камен на сенародна прослава.

,,Честит 2-ри Август, Ден на Републиката!
На денешен ден 1903 почна Илинденското востание кое почна во Битолскиот округ со команданти Борис Сарафов, Даме Груев, Атанас Лозанчев. Продолжи во Одринскиот округ на Преобржение со команданти Михаил Герџиков и Лазар Маџаров и на Крстовден во Серскиот округ каде Сандански се стави под команда на врховистот Цончев.
Востанието траеше над два месеци. Од нашата идеолошка заслепеност не можеме ни големината на востанието да ја согледаме.
На денешен ден 1944 беше одржан АСНОМ со големи идеи за жал веднаш беше спроведен државен удар по кој најголем дел од членовите беа затворени, десетина од најважните личности избегаа за Бугарија а остана да владее кликата на анонимниот Колишевски.
И двата илиндена денес се само форма без содржина”, пишува Георгиевски.