Македонија

Мајтап со Македонија на исток: „Вториот тим на Бугарија ќе игра со втората Бугарија“?!

„Хумор и сатира“ под најава на Фејсбук-страницата на Бугарската одбојкарска федерација

Мала преписка под најавата на официјалната Фејсбук-страница на Бугарската одбојкарска федерација за натпреварот во Софија меѓу Б-тимот на Бугарија и Македонија открива неоткриени „таленти“ за хумор и сатира кај источниот сосед и нивните влажни соништа за македонската држава.

Под насловот „Националниот тим (Б-состав) со официјални контроли против Северна Македонија“ прв се „истакнува“ коментарот: „Тоест вториот тим на Бугарија ќе игра со Бугарија“.

„Вториот тим на Бугарија ќе игра со третиот тим“, реплицира „чешита“ љубителка на одбојката, пред „шампионот на денот“ да ја заокружи трагикомедијата со: „Не, вториот тим на Бугарија ќе игра со втората Бугарија“?!

Неколку часа подоцна Македонија го преслуша Б-тимот на Бугарија со 3:0, а го доби и дополнителниот четврти сет, претходно договорен од селекторите Јошко Миленковски и Франческо Моло.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top