Македонија

Македонец на 4 место во светот по прегледи на научни трудови во областа на економија според SSRN

Филип Јолевски е цитиран и од вториот човек на Федералните резерви на САД

Македонија мака мачи со својата економија но затоа Македонец е рангиран на 4 место во светот по прегледи на научни трудови во областа на економија според методологијата SSRN.

Филип Јолевски е цитиран и од вториот човек на Федералните резерви на САД.

Ова го објави екс министерот за одбрана и екс македонски амбасадор во Вашингтон и Женева Зоран Јолевски.

,,Среќен сум што мојот син Филип Јолевски, економист во Свеската банка, во оваа 2025 година е рангиран на 4 место во светот по бројот на прегледи на неговите научни трудови во областа на економија според SSRN водечка глобална платформа за споделување академски истражувања. Неговите трудови во областа на влијанието на вештачката интелигенција врз економијата и анализа на неформалната економија оваа година беа цитирани во говори на респектирани економисти како што е заменик претседавачот на Федералните резерви на САД, Филип Џеферсон. Воедно годинава стана и сколар во реномираниот Меркатус Центарот на Џорџ Мејсон Универзитетот, Арлингтон САД”, пишува Јолевски за својот син Филип.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top