Македонија

Македонец се претставувал како хирург во Србија и измамил граѓани за над 100.000 евра

Полицијата го уапсила непосредно по примопредавањето на парите и кај него биле пронајдени 16.650 евра и 150.000 динари

Полицијата во Белград уапсила државјанин на Македонија А. К. (42), поради сомневање дека, лажно претставувајќи се како хирург, заедно со повеќе засега непознати лица, ја довел оштетената во заблуда дека за парична надокнада итно ќе оперира член на нејзиното семејство кој наводно доживеал несреќа.

Со тоа, како што се наведува во соопштението на Српското МВР, извршил кривично дело измама.

Полицијата го уапсила непосредно по примопредавањето на парите и кај него биле пронајдени 16.650 евра и 150.000 динари.

Се сомнева дека А. К. и лицата за кои се трага, во период од ноември минатата година до сега, на ист начин извршиле повеќе измами на територијата на Белград и на тој начин противправно прибавиле повеќе од 100.000 евра.

На осомничениот му е одредено задржување до 48 часа, по што ќе биде спроведен пред надлежното обвинителство со кривична пријава.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top