Македонија

„Македонија 2025“ отвора повик за стипендии за средношколци

Повикот е наменет за средношколци кои покажуваат одличен успех, учествуваат на натпревари, имаат љубопитност, идеи, амбиција и желба да се развиваат. Ова е можност за младите кои сакаат да го направат следниот чекор во своето образование, личен развој и идни професионални цели.

Фондацијата МК2025 го отвора повикот за стипендии „Таленти денес – лидери утре“ за учебната 2026/2027 година и ги повикува сите амбициозни средношколци од Македонија да аплицираат и да станат дел од новата генерација млади таленти. Повикот е наменет за средношколци кои покажуваат одличен успех, учествуваат на натпревари, имаат љубопитност, идеи, амбиција и желба да се развиваат. Ова е можност за младите кои сакаат да го направат следниот чекор во своето образование, личен развој и идни професионални цели.

  • „Преку Фондот за поддршка на талентирани средношколци „Таленти денес – лидери утре“, и оваа година ќе бидат избрани 10 стипендисти. Поддршката за секој/а стипендист/ка изнесува 60.000 МКД, исплатени во 10 еднакви месечни износи во текот на учебната година, односно во месеците во кои се одвива настава – од септември 2026 до јуни 2027 година. Но, оваа програма е многу повеќе од финансиска стипендија. Таа е можност за менторство, обуки, практични искуства, поврзување со успешни професионалци и учество во активности на Фондацијата МК2025 и Македонија2025. Целта е да им се помогне на младите таленти да продолжат да учат, да се развиваат и посигурно да чекорат кон своите цели“, фелат од Фондот.

Кој може да аплицира?

Право на аплицирање имаат:

● средношколци од прва до трета година на редовна настава во државни средни училишта;

● ученици со просечен успех над 4.70;

● добитници на награди или учесници на државни и/или меѓународни натпревари во областа на природните и општествените науки, компјутерското програмирање и други области;

● кандидати-ученици кои доаѓаат од социјално ранливи семејства со вкупен годишен бруто приход во семејството до 925.000 МКД.

Корисниците на стипендија за 2025/2026 година потребно е повторно да аплицираат на отворениот повик, доколку ги исполнуваат критериумите.

  • „Со оваа програма не поддржуваме само одлични ученици – поддржуваме млади луѓе со визија, труд и потенцијал. Веруваме дека вистинската поддршка, дадена во вистински момент, може да биде пресвртница во нивниот образовен и личен развој. ‘Таленти денес – лидери утре’ е повеќе од стипендија – тоа е вложување во иднината на Македонија“, посочија од Македонија2025.

Досегашните стипендисти се најдобар доказ дека ваквата поддршка може да направи значајна разлика. Нивните приказни зборуваат за труд, истрајност, нови можности и верба во сопствениот потенцијал.

Повеќе информации за програмата, начинот на аплицирање и потребната документација се достапни на следниот линк: https://macedonia2025.com/en/news/fondacija-mk2025-otvoren-povik-za-stipendiranje-na-deset-10-srednoshkolci-talenti-denes-lideri-utre

Апликациите се поднесуваат електронски преку E-scholarships платформата на Македонија2025. За валидни ќе се сметаат само апликациите поднесени преку платформата. Крајниот рок за доставување на апликациите е 15 август 2026 година, до 23:59 часот. Досега, преку програмата „Таленти денес – лидери утре“ се доделени 50 стипендии. Сега е редот на новата генерација. Не пропуштајте ја оваа можност – аплицирајте, развивајте се и станете дел од заедницата на млади таленти и идни лидери!

Најнови вести од: Македонија

Премиерот Мицкоски на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Првиот академски ќас ќе се одри и на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, „Св. Климент Охридски“ во Битола,  Државниот универзитет во Тетово и „Мајка Тереза“ во Скопје, на „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Героски: Филмот „Враќањето на бугарскиот Цар Самуил во татковината Бугарија“ е пропаганда и мизерија на најјако!

Ете баш вака изгледа „заедничката историја“ на европејски начин. Сите коски се бугарски! Политичка митологија и пропаганда пуштени на најјако. Грда и болна демонстрација на сила. Мизерија. А допрва ќе мора да признаеме дека нашата „заедничка историја“, всушност, е туѓа. Дека сме ја украле. Дека сме фалсификатори и лажговци. Дека, всушност, сме измислени и дека не постоиме. Уште има некој кому ова не му е јасно? Ова го истакнува новинарот Бранко Ѓероски во својата колумна со наслов „Цар Самуил се враќа во ‘татковината Бугарија’ со самолет, aj па ние утре Гоце Делчев ќе им го вратиме со дрон!“, објавена во порталот „Плус инфо“.

Манасиевски до Кузеска: Вие сте предавници, ВМРО ДПМНЕ е против „Бугари во Устав“ под бугарски диктат!

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски кој се осврна на актуелните случувања поврзани со уставните измени и односите со Бугарија и порача дека ВМРО-ДПМНЕ е против уставни измени под бугарски диктат.

Шамбевски: Бугарија чини катастрофално погрешен чекор во однос на Македонија со моштите на Самоил! Може да ги пренесе, но не и Самоиловата тврдина од Охрид!

Споменот на Царот Самоил е во многу нешта заслужен за развивање на македонскиот национален идентитет и како таков бил светилник во најтемните денови на овој народ. Неговите коски можете да ги преместите колку сакате. Но, планините, езерата, градовите и историските траги не ги собира во ковчег!“ – реагира Оливер Шамбевски, македонски политичар и поранешен амбасадор на Република Македонија во низа светски држави, во врска со циркусот така наречен „враќање на моштите на цар Самуил во Бугарија“.

ВМРО ДПМНЕ: Каракачанов да си ги покани во Бугарија Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил, кој има неизбришлива трага за Македонија!

„Во однос на поканата на Каракачанов до лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски за присуство на пренесување на моштите, посоодветно е таа покана да ја испрати до неговите истомисленици Зоран Заев и Венко Филипче.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ кон Красимир Каракачанов. Претходно, во текот на овој ден, на 30 септември 2026 година Красимир Каракачанов, во улога на претседател на бугарската партија ВМРО и поранешен бугарски вицепремиер му упати дрска и провокативна покана на лидерот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата на Македонија Христијан Мицкоски „да присуствува на 3 октомври 2026 година на враќањето на посмртните останки на големиот бугарски владетел цар Самуил во неговиот роден град, во Софија, како знак на почит кон една од најзначајните личности во нашата заедничка средновековна историја“!

Македонија со стабилни девизни резерви, банките со солидна ликвидност

Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност.

Ќе дадеме јасна предност на сериозни, добро осмислени и одржливи проекти, рече министерот Сулејмани за Годишните конкурси

Министерот ги повика уметниците, здруженијата, независните културни организации и сите заинтересирани апликанти да ги разгледаат условите на конкурсите и навремено да ги поднесат своите проекти.

Најнови вести

To top