Македонија

Македонија го започна процесот за приклучување кон европската иницијатива „Роаминг како дома“

Граѓаните ќе можат да користат мобилни услуги, повици, интернет и СМС пораки во земјите од Европската Унија, по исти цени како и домашните

 

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Македонија го започнала процесот за приклучување кон европската иницијатива „Роаминг како дома“.

Со ова, како што велат, граѓаните ќе можат да користат мобилни услуги, повици, интернет и СМС пораки во земјите од Европската Унија, по исти цени како и домашните.

Ова претставува директна придобивка за граѓаните, што ќе донесе пониски трошоци, полесна комуникација и подобри услови за прекугранична соработка.

„Со усогласување на домашната правна рамка со европските директиви и прописи во областа на електронските комуникации, Владата го исполни својот дел од обврските и ја подготви Македонија за следната фаза од процесот на приклучување кон европската роаминг зона.

Разликата е јасна. Додека СДСМ сè уште се обидува да ја убеди јавноста дека европската агенда е нивен приоритет, и покрај фактот дека оставиле зад себе само неисполнети ветувања, ВМРО-ДПМНЕ работи за конкретни придобивки за граѓаните“, соопштија од владејачката партија.

Најнови вести од: Македонија

Пред 35 години нè обедини сонот за слободна и независна Македонија

„Македонскиот народ покажа дека има храброст да чекори по својот пат, со крената глава и со вера во сопствената иднина. Нека и денес нè обединува љубовта кон Македонија“, порача ВМРО-ДПМНЕ во честитката

Денот кога народот кажа „Гласам за Македонија“ (ВИДЕО)

8 Септември 1991, е еден од најзначајните датуми во современата македонска историја – ден кога граѓаните, во услови на распаѓање на поранешната југословенска федерација, демократски ја избраа самостојноста како пат за иднината на државата

To top