Македонија

Македонија ќе биде во ЕУ но македонското знаме треба да се вее секаде каде што се создава утрешнината (ВИДЕО)

Македонското знаме мора да се вее на сите точки каде што се создава утрешнината

Еден ден Македонија ќе го заврши својот трнлив пат кон целосната западна интеграција. Меѓутоа, политичката, економската и културната реалност на светот кој што доаѓа ќе биде сосема различна од епохата кога Македонија зачекоруваше кон својата независност, анализира во вестите на Сител амбасадорот и екс вицепремиер за европски прашања Ивица Боцевски по повод историската посета на индиската претседателка на Македонија.

,,Глобалниот геополитички центар се враќа кон Азија, онаму каде што и секогаш бил, пред подемот на Европејците во ерата на поморските откритија и потоа со индустриската револуција. И покрај тоа што Македонија останува составен дел на европскиот пазар, сепак за земјата и за нејзините граѓани е нужно да се остане дел од глобалните трендови”, вели амбасадорот Боцевски.

Според него македонското знаме мора да се вее во сите точки каде што се создава утрешнината, било да е тоа Њу Делхи, Пекинг, Мумбаи, Шангај, Бразилија, Сао Паоло, Јоханесбург, Кејптаун, Џакарта и другите раѓачки алфа – центри.

,,Да се надеваме дека нејзината екселенција, претседателката Драупади Мурму, ќе повлече нога, па Скопје полека ќе си влегува во својата улога на политички центар на една современа и глобализирана нација”, вели Боцевски во интервјуто кое дава целосна слика за важноста на посетата на Мурму на Македонија која е само една од трите европски држави кои ги посети.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

To top