Македонија

Македонија под хибриден напад, Ангелов не верува дека вакви пожари се спонтани

Смета дека пожарите се намерно подметнати

Државата Македонија е мета на хибриден напад, затоа што за многу кратко време се случија тешки пожари кои предизвикуваат големо загадување на возодухот, предупредува директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

По пожарот во Центарот за рециклажа во скопското село Трубарево Ангелов се сомнева дека Македонија е цел на опасен координиран напад.

Во пожарот кој почна денеска околу пред 14 часот гори отпадна електрична и електронска опрема и батерии и акумулатори, литиум-јонски батерии од апарати и возила, како и друг електронски отпад.

„Според мене се работи за намерно подметнат пожар, не е едноставно да се запали ваков објект. За кратко време имаше пожари на депониите ‘Вардариште’, ‘Дрисла’ и вчера во Шуто Оризари, и денес оваа фабрика. За мотивите, како и за откривање на сторителите работат МВР и останатите служби. Апелирам до сите граѓани на 112 или на кој било друг начин да го пријават секое сомнително поведение“, вели Ангелов кој информира дека за среќа во пожарот нема повредени лица.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top