Македонија

Македонија сè повеќе се оддалечува од членство во Европската унија, оценува Јотова

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова,уште еднаш ја искритикува Македонија во контекст на одложениот извештај за напредокот на земјата-кандидатка од 2005 година, која уште не отворила ниту едно преговорачко поглавје за членство во Европската унија поради блокадите од Грција и сега од Бугарија. „Тие имаат своја политика, која, според мене, сè повеќе ги оддалечува од членство во […]

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова,уште еднаш ја искритикува Македонија во контекст на одложениот извештај за напредокот на земјата-кандидатка од 2005 година, која уште не отворила ниту едно преговорачко поглавје за членство во Европската унија поради блокадите од Грција и сега од Бугарија.

„Тие имаат своја политика, која, според мене, сè повеќе ги оддалечува од членство во Европската унија со пораките што ги испраќаат, со континуираниот јазик на омраза, со кражбата на бугарската историја и со искривувањето на историските факти. Една доследна политика која не се менува“, изјави Јотова пред бугарските новинари.

Одложувањето на извештајот за неа е скандалозно и ѝ се чини дека „во целата оваа ситуација е нарушена довербата кон известувачите“.

„Прво, би сакала да нагласам дека ние како земја не можеме на никаков начин да дозволиме одлуките на европските институции во врска со процесот на преговори со Република Северна Македонија да бидат ревидирани, односно не може да има повторни преговори“, истакна Јотова, додавајќи дека ова не се билатерални односи, туку европски политики. „Второ, мора да бидеме многу внимателни со обидите толку важни прашања од Европската унија да се донесуваат со квалификувано мнозинство, а не едногласно. Бугарија ќе има сериозни проблеми ако тоа се случи“.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top