Македонија

Македонија троши струја, малку повеќе отколку што произведува

Македонија во јули покри 94,7% од бруто-потрошувачката на струја, сончевата енергија пред сите извори

 

Македонија во јули произвела 460.035 MWh електрична енергија, што одговара на 94,7 отсто од бруто-домашната потрошувачка од 486.007 MWh. Податоците покажуваат значително приближување на домашното производство до вкупната потрошувачка, но не значат дека системот во текот на целиот месец бил независен од увоз.

Најголем удел во производството имале соларните електрани со 36,3 отсто, пред термоцентралите со 33,4 отсто. Хидроцентралите учествувале со 21,6 отсто, а ветерните електрани со 6,7 отсто.

Вкупниот удел на обновливите извори достигнал 65,4 отсто.

Во споредба со јуни, домашното производство се зголемило од 408.045 на 460.035 MWh, односно за околу 12,7 отсто.

Потрошувачката истовремено пораснала од 446.814 на 486.007 MWh, што претставува зголемување од околу 8,8 отсто. Така, односот меѓу производството и бруто-потрошувачката се подобрил од 91,3 на 94,7 отсто.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top