Македонија

Македонска делегација запали вечен пламен во , ,Ваш Јадем” и разговараше за високи технологии

Благодарност за спасителите на жртви од Кочани и дебата за високо-технолошки практики за земјоделие и одгледување на земјоделски култури во многу специфични климатски услови

Собраниска делегација деновиве се наоѓа во посета на Израел.

На покана од претседателот на Групата за пријателство Израел-Македонија, Хамад Амар, Делегација на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот/Кнесетот на Државата Израел е во возвратна посета на Израел во периодот од 18 до 22 јануари 2026 година.

Делегацијата ја предводи пратеничката Рашела Мизрахи, претседателка на Групата за соработка, а во нејзиниот состав се и пратениците: Весна Бендевска, потпретседателка на Собранието, Љупчо Пренџов и Муса Џафери, членови на Групата и Никола Мицевски, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

,,За време на нашата официјална посета на Израел, имаме чест да го посетиме Меморијалната центар “Јад Вашем” во Ерусалим, каде го запаливме вечниот пламен и положивме венец во спомен на жртвите од Холокаустот.
Со ова симболично дело им оддаваме длабока почит на милионите невини животи и ја потврдуваме нашата посветеност во спротивставувањето на антисемитизмот и секоја форма на омраза и нетолеранција.
Воедно, испраќаме јасна порака за зајакнување на пријателските односи и соработката меѓу Република Македонија и Државата Израел. 🇲🇰🤝🇮🇱”, објави Мизрахи .

Програмата започна со посета на Светскиот центар за сеќавање на Холокаустот-Јад Вашем, при што Делегацијата учествуваше во церемонијата на полагање на венец, со што се оддаде почит на жртвите од Холокаустот.

На Тркалезната маса организирана од Американско-Еврејскиот комитет (AJC), Делегацијата имаше можност да учествува во дискусијата со директорката на Комитетот, Авитал Лејбович. Комитетот е основан во 1906 година во Њујорк како одговор на растечкиот антисемитизам и дискриминација, со цел заштита на граѓанските и верските права на Евреите и промоција на демократијата и човековите права. Денес, Центарот е глобална организација посветена на борбата против антисемитизмот, поддршка на Израел и јакнење на меѓународната соработка и толеранција. Како предавачи кои изнесоа видувања за актуената ситуација на Блискиот исток и Иран беа поканети д-р Ефрем Инбар, претседател на Одделот за стратегија, дипломатија и безбедност на колеџот Шалем и поранешен претседател на Ерусалимскиот институт за стратегија и безбедност и Даниела Цитринович, виш истражувач во Програмата за Иран и Шиитската оска во Институтот за студии за национална безбедност.

Директорката Лејбович информираше дека по трагичните настани на 7 октомври 2025 година, AJC ја активираше својата глобална мрежа и формираше Центар за нов Блиски исток, со цел да придонесе за посветла и поврзана иднина во регионот. Центарот се фокусира на три клучни сектори: дипломатија, бизнис и граѓанско општество, користејќи ја мрежата на 15 меѓународни канцеларии, вклучувајќи Јерусалим и Абу Даби, за градење мостови, обликување политики и поттикнување на просперитетен и интегриран Блиски Исток.

Програмата опфати и посета на Болницата Шиба во Тел Авив, при што Делегацијата оствари средба со групата доктори и медицинскиот персонал кои од страна на Израелската Влада и Министерството за здравство кои беа веднаш испратени за ургентна медицинска помош на настраданите македонски граѓани во трагичниот пожар во дискотеката “Пулс” во Кочани во март о.г., во која згаснаа животите на 63 млади луѓе. За оваа брза реакција на Владата на Државата Израел, односно на Министерството за здравство, но и Израелски бизнисмени и филантропи, да ги согледа димензиите на трагедијата и да одговори со ургентна стручна медицинска помош за настраданите граѓани, посветеноста и исклучителната пожртвуваност на докторите и целиот медицински тим, Делегацијата на Собранието изрази соодветна благодарност со врачување на пригодни подароци на докторите и медицинскиот персонал. Подароците за Болницата Шиба и за Министерството за здравство беа врачени во име на Претседателот на Собранието, Африм Гаши и во име на сите пратеници во Собранието, со што се изрази соодветна благодарност кон Израелската држава за драгоцената помош што беше пружена по повод оваа незапаметена трагедија која ја потресе нашата држава. Претедателката на Групата Рашела Мизрахи и сите членови на делегацијата ги врачија подароците на докторите и медицинскиот персонал за време на средбите во здравствените институции. Гестот беше прифатен со огромна благодарност од страна на докторите и медицинскиот персонал, но и од страна на домаќините во Кнесетот.

Во Вулкани институтот (Истражувачки Центар за земјоделие) на Делегацијата и беше презентирана работата на овие институции на полето на употреба на високо-технолошки практики за земјоделие и одлгедување на земјоделски култури во многу специфични климатски услови кои драстично се менуваат (од медитеранска клима на северот до суша на југот). Обемните земјоделски истражувања, особено од институции како Институтот Волкани, доведоа до сорти на култури отпорни на суша, видови отпорни на сол и иновативни техники на одгледување, преку развивање софистицирани, технолошки интензивни земјоделски методи прилагодени на неговата специфична клима.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top