Македонија

Македонската армија ќе добие американски пушки M4

Оваа пушка е симбол на модерното пешадиско вооружување на западните земји

Министерството за одбрана на САД соопшти дека му доделило на локалниот производител на оружје „Колтс мануфактуринг“ договор со максимална вредност од 40,86 милиони долари (35,4 милиони евра) за производство на карабини М4/М4А1 за странски партнери, вклучувајќи ја и Македонија.

„Договорот со фиксна цена, на база „неопределена испорака/неопределена количина“ ќе ја поддржи продажбата на странска воена опрема во Македонија, Босна и Херцеговина, Ирак и Тунис“, соопшти Министерството.

Договорот истекува на 31 март 2031 година.

Пушката M4  карабин е симбол на модерното пешадиско вооружување на Западот. Станува збор за компактна автоматска пушка калибар 5,56 милиметри, која со години е стандард во американската армија и во бројни сојузнички сили. Нејзиниот дизајн директно произлегува од легендарната M16-рајфл, но е прилагоден за потребите на современото бојно поле – побрза реакција, поголема подвижност и подобра контрола во динамични ситуации.

Развиена во 80-тите години, а официјално воведена во употреба во средината на 90-тите, М4 првично била наменета за специјални единици и екипажи на оклопни возила. Но, токму нејзината практичност – пократка цевка и прилагодлив кундак – довела до тоа брзо да стане прв избор и за класичната пешадија. Денес, во многу армии, таа практично ја има заменето М16 како основно лично оружје на војникот.

Она што ја издвојува М4 е нејзината модуларност. Пушката може лесно да се „надгради“ со оптички нишани, ноќна опрема, ласери или додатоци за различни борбени сценарија. Тоа значи дека истото оружје може да се користи и во урбани операции, и во ноќни мисии, и во класични теренски услови – нешто што современите армии го сметаат за клучна предност.

Во техничка смисла, М4 е оружје со висока стапка на оган и солидна прецизност на средни дистанци. Стандардно користи рамки со 30 куршуми, а нејзиниот ефективен дострел е околу половина километар. Комбинацијата од релативно мала тежина, контролиран одскок при пукање и брзо ракување ја прави особено погодна за брзи и непредвидливи ситуации на терен.

Токму затоа, М4 денес е дел од арсеналот на десетици држави и учесник во речиси сите современи конфликти. За многу армии, нејзиното воведување значи чекор кон стандардите на НАТО и модернизација на пешадиското вооружување.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top